Од слабо тело и екстремни диети до здрава фигура и среќа: Модел се здебели и си ја врати насмевката
Почетна » Новости » Занимливости » Од слабо тело и екстремни диети до здрава фигура и среќа: Модел се здебели и си ја врати насмевката

Од слабо тело и екстремни диети до здрава фигура и среќа: Модел се здебели и си ја врати насмевката

Меги Грин сонувала да стане модел и извесно време се изгладнувала себеси со екстремна диета за да успее да ги достигне мерките на телото кои ги барале агенциите. Во еден момент, стремежот кон слаба фигура започнал да се одразува на нејзиното здравје и кај неа изостанал менструалниот циклус. Сепак, на крајот, таа успеала да се ослободи од огромниот притисок за достигнување одредени идеали и да се врати кон здравата фигура. Таа сега работи како модел со облини.

19-годишната девојка неодамна објави фотографии од типот „пред и потоа“ на Instagram, а потоа и го раскажа своето патување до среќата.

Меги Грин

„Фотографијата на левата страна е направена пред две години, а фотографијата на десната, е снимена пред неколку недели. Можете да ја видите очигледната физичка разлика, но не можете да ја видите менталната разлика. Пред две години, бев сериозно несреќна. Ќе се погледнев в огледало и ќе си мислев дека сум дебела... Покачив околу 15 килограми (не знам колку точно, повеќе не се мерам на вага). И сум многу посреќно човешко суштество. Здравјето изгледа различно кај секого. Важно е да ја прифатите вашата форма и големина. Ќе бидете многу посреќни!“ – напиша таа.

За периодот кога била опседната со слабеење, Меги вели: „Ги броев сите калории кои ги внесував во телото (дури и ако изедев 3 зрна грозје, го документирав тоа). Целта ми беше да не консумирам повеќе од 900 калории дневно и да согорувам трипати повеќе во фитнес салата, вежбајќи и до 3 часа дневно. Веднаш изгубив тежина и продолжив да слабеам брзо до степен кога моите пријатели и роднини започна ада ги прашуваат моите родители дали сум добро. Но, им покажав што јадам и ги уверив дека не се изгладнувам себеси, па можев да ја продолжам таа шарада извесно време. Често моите пријатели ќе излезеа на пица или на кино. Им велев дека не можам да одам, само за да не морам да ги гледам како јадат пуканки или мрсна пица.“

Меги Грин Меги Грин

„Слабеењето ме хранеше. Но, и по сето тоа слабеење, ќе се погледнев в огледало и ќе си помислев дека сум дебела или ќе се качев на вагата и ќе видев бројка која не беше доволна.“

Три месеци откако започнала сериозно да слабее, Меги зела учество во манифестација за потрага по модели и победила. Тогаш започнала да снима фотосесии и чувствувала огромен притисок да ја зачува слабата фигура. Во тој период прекинала да добива менструација. „Ѝ се доверив на мајка ми и таа ме натера да одам на доктор, кој ми дијагностицира аменореја, отсуство на менструален циклус поради гладување, неухранетост и премногу вежбање. Ми кажа дека телото ми оди во фала за преживување и дека ако не започнам да јадам повеќе, ќе има долгорочен ефект. Во одредена мера знаев дека ситуацијата станува сериозна, но сепак, сакав да достигнам одреден стандард за убавина и да покажам дека можам да одговорам на очекувањата на општеството“ – вели таа во својот есеј за Harper’s Bazaar.

Меги продолжила со екстремната диета до денот кога требало да се сретне со претставници на повеќе агенции за модели. Иако на почетокот изгледало дека има голем интерес за неа, на крајот испаднало дека ниту една агенција не сакала да потпише договор со неа ако не достигне одредени мерки на телото.

Меги Грин

Во тој момент, Меги решила дека е доволно и заминала кај своето семејство на Хаваи со идејата да се врати на нормална исхрана и забавниот живот. Тогаш била контактирана од агенција која ѝ ветила договор ако ја врати тежината која ја изгубила и стане „модел со облини“.

„На почетокот не бев сигурна дали да ја прифатам таа идеја. Одлучив дека ќе уживам на плажа, па продолжив да се хранам здраво и да вежбам, но одбив да бројам калории и да се мерам на вага. Набрзо, природно почна да се враќа мојата тежина, малу по малку. Се сеќавам едно утро, стоев пред огледало во долна облека и на почетокот бев исплашена. Продолжив да зјапам до момент кога не можев да не се насмеам. За првпат во неколку месеци гледав во огледалото и си мислев: ‘Wow, имам гради. Имам задник. Изгледам мошне добро’“ – раскажува таа.

Меги сега соработува со агенција која не ѝ врши притисок да се вклопи во одреден калап.

„Сакам сите да можат да погледнат в огледало и да се насмеат, без оглед на нивната форма или големина. Не станува збор за слабеење или здебелување, туку за тоа да си ослободен од налудничавите очекувања за изгледот на телото, затоа што сите ние сме убави“ – порачува Меги.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за новото име Република Северна Македонија?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 3633 гласа)

Цитат

Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа.

Тик Нјат Хан

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.