Почетна » Новости » Занимливости » „Обој го светот во портокалово“: Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените

„Обој го светот во портокалово“: Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените

Скрши ја тишината. Кога си сведок на насилство врз жени или девојки, не седи мирно. Дејствувај!

Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН

25 ноември е Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените. Денес всушност е означен почетокот на глобалната кампања „16 дена на активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, која ќе трае до 10 декември, односно Денот на човековите права. Целта на кампањата е зголемување на свеста и преземање на конкретни мерки за прекинување на насилството врз жените и девојчињата.

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

КампањаКампања на Benetton за насилството врз жените

!

Секоја трета жена во светот е жртва на физичко или сексуално насилство, најчесто извршено од страна на нејзиниот интимен партнер.

Кампањата „Обој го светот во портокалово“ подразбира најразлични активности како дебати, симболични собири, осветлување на важни споменици и објекти во портокалово светло.

Портокаловата боја ја симболизира светлата и оптимистичка иднина во која нема насилство врз припадничките на понежниот пол.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

!

Кривичните дела сторени при семејно насилство за минатата година во Македонија ја достигнаа бројката 901. Во 83% од случаите жртвите биле жени, најчесто сопруги. Полицијата лани добила приближно 4.500 поплаки за семејно насилство. Најголем дел од поплаките се за психичко малтретирање, следуваат оние за физичко малтретирање, а на крајот се поплаките за малтретирање од економски побуди.

Најстрашното е што само мал дел од случаите на семејно насилство се пријавени. Време е насилството врз жените да излезе од сенка!

Повеќе познати личности од Македонија се вклучија во кампањата за свет без насилство врз жените.

СЗО истакнува дека насилството има долгорочни последици на психичкото и физичкото здравје на жените. Имено, жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортуси, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ.

На овој ден гласно тврдиме дека насилството врз жените:

  1. Не е прифатливо.
  2. Не е неизбежно.
  3. Може да биде спречено.
Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10385 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.