Низ илустрации: 14 типа луѓе кои ќе ги сретнете на плажа летово
Почетна » Новости » Занимливости » Низ илустрации: 14 типа луѓе кои ќе ги сретнете на плажа летово

Низ илустрации: 14 типа луѓе кои ќе ги сретнете на плажа летово

Летото официјално ќе започне за неколку дена, а тоа значи одење на заслужен летен одмор на некоја прекрасна песочна плажа. Независно од тоа која дестинација од светот ќе ја изберете за вашето летување оваа година, таму ќе ги сретнете истите типови луѓе.

Русинката Наталија Бреева преку илустрации ги прикажува најпопуларните типови луѓе кои неизбежно ќе ги видите за време на вашиот летен одмор. Еве како изгледаат тие и кои се нивните карактеристики:

Инстаграмџиката

Мото: #нозе #одмор #најубавиотден #лајк #лето #госакамлетото #лето2018

Особини: Телефон со камера

Карактеристики: Може да се фотографира и да редактира цел ден додека да ја добие совршената фотографија

Илустрации

Летна скулптура

Мото: Подај ми го маслото за тело!

Особини: Минијатурен костим за капење, масло за тело, очила за сонце

Карактеристики: На магичен начин се подготвува за летото долго време, изгледа прекрасно на фотографиите за да го вознемири вашето поранешно момче

Илустрации

Мајката

Мото: Кај ти е капата?

Особини: Мало дете и пискав глас

Карактеристики: Умее да вика така што да се слуша дури и на соседната плажа

Илустрации

Ракот

Мото: Дојдов на море за да се одморам!

Особини: Пиво, капа и црвен тен

Карактеристики: Може цел одмор да не плива во морето, но кога ќе се разбуди навечер, ги тера сите да се забавуваат

Илустрации

Делфинот

Мото: Вода – мојата страст!

Особини: Свои раце и нозе

Карактеристики: Умее да плива само ако целосно ги прска луѓето околу себе

Илустрации

Трагачот по богатство

Мото: Можеби тука ќе ја пронајдам мојата судбина?

Особини: Секси костум за капење, сандали со висока потпетица, прстени, белезица, и сето тоа да блеска

Карактеристики: Умее да стои и да лежи во фотогенични пози

Илустрации

Скулпторот

Мото: Можам да изградам и замок од песок!

Особини: Свои раце, пластична чаша за пиво, кофа и лопатче во голема верзија

Карактеристики: Може да изгради замок на три ката за половина час

Илустрации

Вечно гладните

Мото: Ми се пријадува кога ќе го слушнам звукот на брановите!

Особини: Чипс, газирани пијалаци, ореви, пченка, овошје, јагоди...

Карактеристики: Постојано јаде нешто, им го полни џебот на продавачите на плажа

Илустрации

Шегаџијата

Мото: Ама ајде... ќе биде весело!

Особини: Медуза или други морски животни

Карактеристики: Се прикрадува тивко и незабележливо кога воопшто не очекувате

Илустрации

Зависникот од адреналин

Мото: Уште не сме се возеле на скутер на вода!

Особини: Сите атракции на вода и екстремните видови спортови

Карактеристики: Умее да се одржува на стрмнини

Илустрации

Нудистката

Мото: Обожавам да носам фустани без прерамки!

Особини: Раце или школки на најистакнатите делови од телото

Карактеристики: Умее да се одмара на сопствено задоволство без да обрнува внимание на погледите вперени кон неа

Илустрации

Спортистот

Мото: Извини, обиди се топката да не падне на земја!

Особини: Топка за одбојка, топка за фудбал, топка за надувување, фризби

Карактеристики: Постојано ја фрла топката каде што не треба, дига многу прашина и врева околу себе, а со тоа ги иритира мирните посетители на плажата

Илустрации

Хелиофоб

Мото: Да не го заборави кремот со заштитен фактор?

Особини: Крем со заштитен фактор, спреј со заштитен фактор, чадор за сонце, капа, маица, крпа, крем против изгореници

Карактеристики: На некаков чудесен начин успева да изгори и под чадор, кога е облачно

Илустрации

Љубителот на зајдисонцето

Мото: Не сакам да имам бели линии на телото!

Особини: Удобен костим за капење, кој кога е неопходно може да се претвори во добра танга

Карактеристики: Може да гледа во далечината без да трепне

Илустрации

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 2533 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.