„Не можеш да очекуваш таа да се однесува како принцеза ако ја третираш како роб“: Татко со моќна порака до мажите
Почетна » Новости » Занимливости » „Не можеш да очекуваш таа да се однесува како принцеза ако ја третираш како роб“: Татко со моќна порака до мажите

„Не можеш да очекуваш таа да се однесува како принцеза ако ја третираш како роб“: Татко со моќна порака до мажите

Татко испраќа моќна порака до мажите дека треба да ги почитуваат своите сакани и да ги споделуваат обврските со нив ако сакаат да ја одржуваат искрата во врската или бракот.

Бред Кирнс, кој е татко на две деца, го напиша виралниот текст на Facebook поттикнат од личност која го прашувала дали му е здодевно со сопругата со која се заедно 10 години и како се справува со тоа. Еве како ѝ возврати тој:

Мајка

Со неа сме заедно речиси 10 години.

Вчера добив порака во која ме прашуваа дали се чувствувам несреќно поради монотонијата на секојдневието во долгата врска. Дали мојата сопруга станала поздодевна со текот на времето и како јас се справувам со тоа или дали сè уште имам поголеми очекувања од неа. Во смисла... да биде поинтересна или да сака да се забавува...

Еве го моето мислење...

По 10 години, многу од нашите денови се исти. Тие лесно се губат во неделите, во месеците, во годините. Ама, тоа не значи дека се монотони. Тоа значи дека во моментов ни се случуваат многу нешта.

Таа не ја користи секоја шанса за секс, ниту пак е истата промискуитетна 18-годишна девојка која некогаш ме освои на забава. Но, тоа не ја прави здодевна. Тоа само значи дека сега имаме обврски кои ѝ го одвлекуваат вниманието.

Да, таа можеби е малку поуморна и понервозна сега. Но, тоа не значи дека таа веќе не е забавната девојка со која некогаш се состанував. Тоа само значи дека ѝ се случуваат многу работи кои ѝ предизвикуваат стрес.

Не можете да очекувате нештата во врската никогаш да не се променат. Бидејќи се менуваат. Како што одминува времето, работите помалку наликуваат на бајка, а повеќе на реален живот.

Ако таа е под стрес, обиди се да земеш поголем дел од нејзиниот товар. Ако е уморна, дозволи ѝ да се одмори. Ако е загрижена, кажи ѝ дека одлично се справува, а ако е несигурна, кажи ѝ дека ја сакаш повеќе отсекогаш.

Работата не е во тоа да се заљубите еднаш и тоа да трае додека сте живи.

Не е во тоа да се оценувате меѓусебно според она што некогаш сте биле.

Работата е во тоа да пораснете заедно и да наоѓате нови причини да се заљубувате повторно и повторно и повторно...

Но, едно нешто е сигурно... Ниту за секунда не помислувај дека само од неа зависи врската да биде подобра и повозбудлива. Не можеш да очекуваш таа да се однесува како принцеза ако ја третираш како роб.

Дај ѝ до знаење дека сте во ова заедно. Од двајцата зависи дали ќе ја одржувате искрата!

Мислам дека таа е во ред.

Бред

Анкета

Анкета
Дали ќе гласате на референдумот на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
  • 25%
  • 5%
  • 70%
Се испраќа...

(Вкупно: 8839 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.