Неправилно vs. Правилно: 10 нешта на кои треба да го научите детето пред да наполни 10 години
Почетна » Новости » Занимливости » Неправилно vs. Правилно: 10 нешта на кои треба да го научите детето пред да наполни 10 години

Неправилно vs. Правилно: 10 нешта на кои треба да го научите детето пред да наполни 10 години

Децата учат како да се однесуваат и како да се справуваат во различните ситуации од своите родители. Најмалите се како сунѓери кои ги впиваат лекциите што им ги „сервираат“ нивните мајки и татковци.

Талентираната Асткик Ракимова создаде поучни илустрации кои сликовито ги прикажуваат најчестите грешки кои ги прават родителите во односот со своите малечки.

Погледнете ги нејзините 10 илустрации со лекции кои треба да ги научат децата пред да го прослават својот јубилеен десетти роденден:

Момчињата и девојчињата се рамноправни. Треба да ги почитуваш и едните и другите.

Илустрации

Почитувањето на луѓето е една од карактеристиките кои треба да ги придобие вашето дете. Научете го да ги почитува своите врсници без разлика на полот.

Во ред е да згрешиш!

Илустрации

Научете го вашето дете да учи не само од грешките на другите, туку и од сопствените грешки. Грешките се составен дел од растењето и тоа не треба да се плаши од нив.

Знаењето е многу поважно од оценките.

Илустрации

Понекогаш родителите се престроги кога нивното дете ќе добие помала оценка од очекуваната. Но, оценката не е секогаш одраз на знаењето на детето. Треба да го научите вашето дете дека е многу поважно да учи за да научи одошто за да ги има сите петки во дневникот.

Мама и тато не ти се непријатели. Ним секогаш можеш да им побараш помош кога ти е потребна.

Илустрации

Не е лесно да одржувате пријателски однос со вашето дете, особено кога тоа веќе има изградено свој круг на пријатели. Не бидете престроги кон вашето малечко и покажете му дека може да ви верува. Не му викајте за секоја грешка и избегнувајте ги долгите предавања.

Секогаш имај свое мислење и не потклекнувај пред никого.

Илустрации

Некои родители сметаат дека мислењето на наставниците, професорите и сите други авторитетни луѓе е секогаш поправилно од она на детето. Честопати тие го учат дека тоа треба да молчи кога наставникот зборува, а тоа води до несигурности кај детето и неможност тоа да го изнесе своето мислење. Научете го детето секогаш да го почитува туѓото мислење, но и да го кажува своето на правилниот начин.

Не прави нешто што не ти се допаѓа само за да се вклопиш во некое друштво.

Илустрации

Децата честопати ја ставаат популарноста на прво место и прават сè за да ја придобијат. Преку личен пример покажете му на вашето дете дека е многу поважно тоа да биде чесно и добро одошто да се вклопи во нечие друштво, погазувајќи ги сопствените вредности.

Ако не ти е јасно нешто, прашај!

Илустрации

Нема ништо лошо и срамно во поставувањето прашања. Научете го вашето дете дека секогаш е подобро да праша ако нешто не му е јасно, одошто да се преправа дека знае сè. Ова е лекција која се учи од мали нозе.

Ако не се чувствуваш добро, кажи!

Илустрации

Научете го вашето дете секогаш да го става здравјето на прво место. Тоа треба да го слуша своето тело без разлика дали има строг наставник или постои ризик да добие слаба оценка.

Не ја уништувај природата! Секогаш однесувај се одговорно и со почит кон неа.

Илустрации

Честопати се жалиме дека луѓето го фрлаат ѓубрето каде ќе стигнат, ги кршат младите дрвја, уништуваат клупи сл. Културата и почитта кон природата и околината започнуваат од дома. Преку личен пример научете го вашето дете дека природата е скапоцена.

Не се плаши да велиш НЕ!

Илустрации

Децата не треба да кимаат со главата на сè што ќе им се каже и да се потчинуваат на секоја команда. Научете го вашето дете да вели НЕ за тоа да прерасне во личност со цврст карактер. Тоа многу ќе му помогне кога ќе порасне.

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 26%
  • 53%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 6944 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.