Момче ја побара за партнерка за матура пријателката со Даунов синдром, освои илјадници срца
Почетна » Новости » Занимливости » Момче ја побара за партнерка за матура пријателката со Даунов синдром, освои илјадници срца

Момче ја побара за партнерка за матура пријателката со Даунов синдром, освои илјадници срца

Момче стана вирален хит на социјалните мрежи откако за своја партнерка за матура ја избра пријателката со Даунов синдром.

Шидон Ведел на креативен и уникатен начин ја побара Карли за своја партнерка и доби илјадници пофалби од целиот свет. Тој објави фотографии од случката на Twitter и досега има речиси половина милион допаѓања и 112 илјади ретвитови.

„Со нетрпение чекам да одам на матура со оваа слатка девојка“ – напиша Шидон за Карли, која му е сестра на неговиот најдобар пријател.

Шидон Ведел Шидон Ведел Шидон Ведел

„Ја познавам веќе седум години и таа ми донесе само радост во животот. Таа им мами насмевки на сите што се околу неа и секогаш има насмевка на лицето. Неверојатна е.“

„Не ни помислував дека цел свет ќе го види мојот твит и видеото на Facebook. Во последните неколку дена добив многу директни пораки на Twitter, кои содржат само позитивни коментари“ – рекол Ведел.

„Верувам дека вниманието ќе ја подигне свеста дека и лицата со посебни потреби го бараат и заслужуваат истото внимание кои другите го добиваат. Благодарен сум за целата позитивност која излезе од сето ова“ – додал тој.

Погледнете и видео:

Утре се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за новото име Република Северна Македонија?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 2369 гласа)

Цитат

Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа.

Тик Нјат Хан

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.