Мајка започнала да патува додека била на породилно отсуство со првото дете, сега има две деца и не планира да престане
Почетна » Новости » Занимливости » Мајка започнала да патува додека била на породилно отсуство со првото дете, сега има две деца и не планира да престане

Мајка започнала да патува додека била на породилно отсуство со првото дете, сега има две деца и не планира да престане

Блогерка патува низ светот со двете мали ќеркички и сопругот и ги документира своите авантури на Instagram. Таа сака да поттикне и други мајки и трудници да ги следат нејзините стапки, бидејќи како што вели таа, вреди да се ризикува.

Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт

Авантурите на Вал Бернт започнале во 2016 година, кога таа првпат била на породилно отсуство, а нејзината ќерка имала само 6 недели. 35-годишната Германка била возбудена што ќе може да помине време надвор од канцеларијата и сакала максимално да ги искористи тие месеци.

„Ни беше сосема јасно дека ќе одиме на патување и за нас, тоа беше правилното нешто. Вредеше да се надминат сите пречки додека го организиравме патувањето и ние никогаш не се посомневавме во правилноста на нашата одлука, бидејќи бевме многу возбудени. Започнавме да патуваме кога нашата прва ќерка имаше шест недели“ – рекла таа.

Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт

На почетокот, парот сакал само да патува во Франција со малото бебенце, но набрзо нивните планови се промениле и тие продолжиле да откриваат нови и нови дестинации прво во Европа, па низ светот.

„На почетокот само сакавме да отпатуваме во јужниот дел од Франција со нашето бебенце и да патуваме неколку месеци. Кога стигнавме низ Франција, одлучивме да продолжиме во Шпанија, потоа во Португалија и останатото е историја. Одреден период поминавме во Кејптаун зашто тоа беше најневеројатното место. Таму веднаш се чувствуваш како дома, климата е одлична и местото е погодно за деца“ – рекла Бернт.

Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт

По неколку месеци, Вал открила дека е повторно бремена, но тоа не ја спречило да ја продолжи својата авантура.

„Еден ден малку ми се слоши, па направив тест за бременост, кој беше позитивен. Патувањето во бременоста беше тешко на моменти... Беше тешко за прегледите со различни доктори кои не ја знаат твојата историја и се справуваш со различни здравствени системи“ – објаснила таа.

Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт

Смелата авантуристка ја родила втората ќерка во август 2017 година.

Вал сака да охрабри и други мајки и трудници почесто да патуваат со своите деца. Иако не крие дека сето тоа има и ризици, сепак тврди, дека вреди да се ризикува.

„Добивав многу пораки на Instagram од други трудници кои сакаа да патуваат, но се плашеа. Многу од нив сакаа некој да им каже дека сè ќе биде во ред, но никој не ти ја дава таа гаранција. Дефинитивно има одредени ризици кои треба да ги преземеш, но според мене, вредеше сето тоа. Сè што ми требаше е да седам под палма, да ме дувка ветре покрај плажа, а моето дете да си игра во песокот.“

„Патувањето со две деца е потешко. Претходно, останувавме само по една недела на една локација, а потоа продолжувавме. Но, со две деца под две години, тоа едноставно е невозможно, па остануваме по еден месец на една локација.“

„Понекогаш, патувањето е тешко и се прашуваш зошто го правиш тоа, но прелистувањето на сите фотографии што си ги направила ти покажува дека тоа е најдобрата одлука во твојот живот. Стани од каучот и излези“ – вели таа.

Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт Вал Бернт

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 9261 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.