Почетна » Новости » Занимливости » Мал гениј: Момче со аутизам има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг

Мал гениј: Момче со аутизам има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг

Мал гениј го одушевува светот. Кевин Свини со само 11 години докажа дека има поголем коефициент на интелигенција од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Момчето со аутизам ги освои сите бодови на тестот подготвен од МЕНСА, организацијата за луѓе со натпросечна интелигенција. Се покажа дека неговиот IQ е 162.

Кевин Свини

Неговите родители Еди и Лаура Свини се особено горди на своето дете. Велат дека отсекогаш знаеле дека тој бил генијалец.

„Ги освои сите бодови на тестот, иако беше единствено дете во салата за тестирање, останатите учесници беа возрасни луѓе. Уште додека беше мал сакаше да решава квизови и загатки заедно со мене и мајка му, го знае целиот периоден систем од шест години“ – изјавил гордиот татко.

Кевин Свини

Најголемата страст на Кевин е музиката. Тој пее и умее да свири на неколку музички инструменти.

Неговите родители се надеваат дека високиот IQ резултат ќе му ја зајакне самодовербата и ќе му помогне во решавање на животните предизвици, но и дека ќе му даде можност да ги развива неговите потенцијали.

„Кога го доби резултатот од МЕНСА скокаше од радост, беше многу посреќен отколку што очекувавме“ – раскажа татко му. Веднаш потоа, Кевин добил покана да стане дел од МЕНСА.

Кевин Свини

Она што е занимливо е дека Алберт Ајнштајн никогаш не го направил овој тест за интелигенција, а се верува дека неговиот IQ бил 160. Резултатот на тестот на Хокинг, исто така бил 160.

Кевин Свини Кевин Свини Кевин Свини

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.