Маж не престанува да се однесува со почит кон поранешната сопруга за да им биде пример на синовите
Почетна » Новости » Занимливости » Маж не престанува да се однесува со почит кон поранешната сопруга за да им биде пример на синовите

Маж не престанува да се однесува со почит кон поранешната сопруга за да им биде пример на синовите

Маж разнежни илјадници срца низ светот откако раскажа дека нема да престане да се однесува со почит кон поранешната сопруга, бидејќи сака да ги научи двата сина да ги ценат жените.

Во пост кој стана вирален хит, Били Флин откри дека на роденденот на неговата поранешна сопруга се разбудил рано за да купи букет цвеќе и подароци за синовите да ѝ ги дадат на мајка им. Бидејќи некои личности го запрашале зошто продолжува да прави мили работи за неа, тој одлучил да им одговори на Facebook, а неговиот текст брзо се рашири онлајн.

Били Флин

Денес ѝ е роденден на мојата поранешна сопруга, па се разбудив порано, купив цвеќиња, картичка и подарок за моите деца да ѝ го дадат, и им помогнав да ѝ приготват појадок. Како и обично, некој ме праша зошто сè уште правам нешта за неа постојано. Ова многу ме нервира. Па, ќе ви објаснам на сите.

Растам две мали мажиња. Примерот кој им го поставувам со тоа како ја третирам нивната мајка, во огромна мера ќе определи како тие ќе ги гледаат жените и како ќе се однесуваат кон нив и ќе влијае на нивните перцепции за врските. Сметам дека тоа уште повеќе важи во мојот случај, бидејќи сме разведени. Па, ако не им сте пример на вашите деца за добро однесување во врска, соберете се малку. Издигнете се повисоко и бидете пример. Ова е поголемо од вас.

Израснете добри мажи. Израснете силни жени. Ве молам. На светот им се потребни, сега повеќе отсекогаш.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 22%
  • 70%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 5542 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.