Лазаров, Стоилов, Манасков... Оваа сабота е ден за фотографии, автограми и дружба со македонските ракометари
Почетна » Новости » Занимливости » Лазаров, Стоилов, Манасков... Оваа сабота е ден за фотографии, автограми и дружба со македонските ракометари

Лазаров, Стоилов, Манасков... Оваа сабота е ден за фотографии, автограми и дружба со македонските ракометари

Ребека накит, новиот партнер на македонскиот ракомет, ги поканува љубителите на убаво парче накит и фановите на ракометот на заедничко дружење!

Утре, од 14.30 до 16.00 часот, во продажниот салон на Rebecca Macedonia во ТЦ Рамстор Скопје, ќе гостуваат нашите ракометни ведети: Кире Лазаров, Столе Стоилов, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Филип Талески, Филип Кузмановски...

Ребека и РФМ

Посетителите ќе имаат можност да се запознааат, фотографираат и/или да добијат автограми од нашите ракометари, како и да дознаат повеќе за нивните модни вкусови: Дали преферираат трендовски и впечатливи или елегантни и минималистички парчиња кај дамите? Каков им е стилот вон ракометниот терен?

Повеќе информации за настанот можете да најдете на профилите на Ребека Македонија на социјалните мрежи: Instagram rebecca_macedonia и Facebook Rebecca Macedonia.

Ве покануваме да уживате во спој на модата и спортот, италијанскиот шарм и македонската упорност и заеднички да им посакаме на нашите херои уште една нова победа в недела!!!

Ребека и РФМ

Имено, по тешко извојуваната победа во Рејкјавик пред два дена, македонските ракометари на 14 април уште еднаш ќе се обидат да го победат Исланд, овој пат на домашен терен.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 69%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8509 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.