Кредити со животно осигурување и полиси на Кроациа Осигурување-Живот во сите филијали на Халк банка
Почетна » Новости » Занимливости » Кредити со животно осигурување и полиси на Кроациа Осигурување-Живот во сите филијали на Халк банка

Кредити со животно осигурување и полиси на Кроациа Осигурување-Живот во сите филијали на Халк банка

Новите услуги ќе бидат промовирани на 22 септември во Градски парк во Скопје каде ќе биде организиран тричасовен настан (од 11 до 14 часот) од отворен тип, кој ќе има и хуманитарен карактер. Промоцијата ќе се одвива со многу музика и забава, а специјален гостин ќе биде Елена Ристевска. Новата понуда на банката ќе биде претставена во интеракција со публиката за која е предвидена забава со „тркало на среќата“ и многу награди.

Халкбанк АД Скопје, следејќи ги трендовите во банкарските услуги како една од најактивните и брзорастечки банки во секторот, во партнерски однос со компанијата лидер на пазарот за животно осигурување, Кроациа Осигурување живот, во својот асортиман производи го воведе и осигурувањето, нудејќи „ризико“ кредити со животно осигурување, како и можност за склучување класични полиси за животно осигурување.

Кроациа Осигурување – Живот

Новите услуги ќе бидат промовирани на 22 септември во Градски парк во Скопје каде ќе биде организиран тричасовен настан (од 11 до 14 часот) од отворен тип, кој ќе има и хуманитарен карактер. Промоцијата ќе се одвива со многу музика и забава, а специјален гостин ќе биде Елена Ристевска. Новата понуда на банката ќе биде претставена во интеракција со публиката за која е предвидена забава со „тркало на среќата“ и многу награди.

Со полиси за животно осигурување Халкбанк на клиентите им ги нуди Релакс потрошувачкиот кредит, Комфор станбениот кредит и Хипотекарниот кредит, а дополнително во сите филијали на банката низ државата може да се склучи и договор за стандардните полиси за животно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот и тоа на полисите basic, premium, ekskluziv и Коко, детско штедно осигурување.

Кроациа Осигурување – Живот

„Во услови кога пазарот на осигурување сè уште не го достигнал својот максимум, како банка препознаваме потенцијал за создавање атрактивни производи со дополнителни поволности за граѓаните. Со воведување на новата финансиска активност, граѓаните можат на едно место да добијат банкарски и осигурителни услуги, со што овозможуваме скратување на нивното време и трошоци“, вели Маја Наумовска од секторот за односи со јавност во Халк Банка.

За сите три вида кредити кои се нудат со полиси за животно осигурување, Халк банка обезбеди атрактивни услови, различни од оние кои се важат за стандардниот потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит без животно осигурување. Разликата се однесува на можноста за земање поголем износ на кредит, можност за подолг рок на отплата, а кај одредени производи има и подолг период на отплата со фиксна каматна стапка или пониска каматна стапка.

Во филијалите на Халк банка клиентите отсега можат да купат и некоја од полисите за животно осигурување на Кроациа осигурување – Живот која е доминантна на македонскиот пазар на животно осигурување, со удел од 75% во бројот на склучени полиси.

Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност и осигурување и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Тоа е сигурен облик на штедење со истовремено осигурување каде издвоените средства се исплаќаат по истекот на полисата, зголемени за припишана добивка.

Кроациа Осигурување – Живот

Кроациа Осигурување – Живот е прва лиценцирана компанија за животно осигурување со чие формирање во 2005 година во Македонија и почна да функционира пазарот на животно осигурување. Таа е и прва финансиска институција кај нас која поседува меѓународни сертификати за квалитет во работењето и за воспоставен систем за задоволство на корисниците, одобрени од Lloyd Registar.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 68%
  • 14%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 5717 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.