„Кралица на срцата“: Маче со шара во форма на срце на градите освојува обожаватели на Instagram
Почетна » Новости » Занимливости » „Кралица на срцата“: Маче со шара во форма на срце на градите освојува обожаватели на Instagram

„Кралица на срцата“: Маче со шара во форма на срце на градите освојува обожаватели на Instagram

Мачка привлекува големо внимание на интернет со невообичаената шара во форма на срце на градите.

Зои била посвоена од својата сопственичка Џоен кога била мала, благодарение на сестра си Изи. Имено, Џоен прво ја избрала Изи за свој миленик, но откако ја запознала Зои, не можела да ѝ одолее и ги вдомила двете крзнени сестри.

Зои Зои Зои Зои

„Зои ја најдов случајно. Планиравме да посвоиме едно маче и прво ја избравме Изи. Кога отидовме да ја земеме, ја видовме и Зои и таа нè шармира со нејзината неодолива шара во форма на срце (која претходно никој ја немаше забележано), со нејзиното игриво однесување и бушавоста. Но, она што најмногу нè привлече беше нивната сестринска љубов“ – вели Џоен.

Изи и Зои живеат заедно и имаат свој профил на Instagram, кој го следат речиси 100 илјади обожаватели, а тој број постојано расте. Поради својата шара, Зои е нарекувана и „Кралица на срцата“.

Зои Зои Зои Зои Зои Зои Зои Зои Зои

Видео

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 47%
  • 32%
Се испраќа...

(Вкупно: 1845 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.