Искрен текст на мајка на 4 деца: Еве што треба да знаат мажите чии сопруги се „нервозни“
Почетна » Новости » Занимливости » Искрен текст на мајка на 4 деца: Еве што треба да знаат мажите чии сопруги се „нервозни“

Искрен текст на мајка на 4 деца: Еве што треба да знаат мажите чии сопруги се „нервозни“

Мајка на четири деца им се обрати на сите мажи кои постојано ги прашуваат нивните сопруги зошто се лути и нервозни.

Џесика е мајка на четири деца на возраст од една и дванаесет години, која едвај има време за спиење и која за себе вели дека се обидува да биде колку што е можно попозитивна на лудото, стресно, прекрасно, болно и истоштувачко патување наречено мајчинство.

Прочитајте го нејзиниот текст адресиран до мажите на кои им се чини дека имаат нервозна сопруга.

Пар

До мажот чија сопруга изгледа налутено. Еве што треба да знаеш:

Неодамна имав еден од „оние“ денови како мајка. Се чувствував огорчено и фрустрирано и на некој начин гневно, и да, бев лута. Маж ми дојде и ме праша дали сум добро, а спомна и дека во последно време му се чинело дека му сум лута постојано.

Прво го негирав неговото тврдење. Не му бев лута нему. Или пак можеби му бев?

Накратко се подзамислив, а потоа му признав дека ме полудува тоа што се тушира со затворена врата и што кака без да му тропаат на вратата како куќата да гори. Му реков дека сум фрустрирана што никој не го буди сред вечер за да го праша колку е голем универзумот или за да му побара гушкање или вода.

Му објаснив дека ме разбеснува тоа што може да си ја јаде храната топла и што сè уште го собираат панталоните од пред три години. Колку повеќе нешта му набројував и колку повеќе се слушав себеси, толку повеќе сфаќав дека навистина сум лута.

Да, тие изгледаат тривијално ако ги гледаме одделно, но ако ги видиме сите и ако земеме предвид дека тие се повторуваат секојдневно, со текот на времето тие се трупаат и стануваат вистински проблем. Иако овие нешта не се директна кривица на мојот сопруг, тој е единствениот возрасен во куќата покрај мене. Па, започнав да смислувам начини како тој би решил некои од проблемите и би ми помогнал да бидам помалку лута.

Па, ова се моите објаснувања и предлози (со доза на хумор) наменети за сопрузите на нервозните сопруги:

  1. Таа е вистински изморена. Изморена како личност што не спиела со години. Најпаметно ти е да не ѝ се подбиваш кога не може да сврзе логични реченици или да не ѝ се потсмеваш кога ќе го складира месото во фиоката со прибор за јадење. Така нема да ја импресионираш. Во никој случај. Исптати ја да дремне, а ти извади ги децата надвор, по можност подалеку од вашиот дом и остави ја да поспие.
  2. Веројатно седнала на мочки денес. Не можеш да го поправиш ова. Едноставно имај го предвид.
  3. Ѝ паднал шеќерот. Последното нешто што го изела веројатно било пакување со колачи во текот на ноќта кога последното дете конечно заспа. Направи ѝ сендвич, заклучи ја во бањата каде најчесто се крие за да јаде и купи ѝ уште колачи. Ќе ѝ требаат подоцна.
  4. Додека сме кај храната, таа веројатно не може ни да се сети кога последен пат изела цел оброк седејќи или топол оброк додека е сè уште топол. Испрати ја некаде надвор да се почести со појадок, ручек или вечера. Не пуштај ниту едно од децата со неа. Не, ниту она кое се однесува најпристојно. Ѝ треба време насамо.
  5. Не какала со денови. Тие мали слатки анти-лаксативи што ги создаде заедно со неа го прават седењето на веце шолјата речиси невозможно. Заклучи ја во тоалетот и чувај стража.
  6. Со недели не слушнала друг звук освен детски вресоци и „Дора истражува“. Ако уште еднаш го слушне зборот „мапа“, веројатно ќе полуди. Испрати ја во семејното возило сама. Потребно ѝ е да пушти на цел глас музика која нејзе ѝ се допаѓа, забавувајќи ги останатите шофери со нејзините луди гласовни способности.
  7. По цел ден се расправа со луѓе. Буквално, од зори до мрак се расправа со себични личности кои немаат никаква смисла за логика. Се расправаат за чаши, лажици, облека, домашни задачи, спиење, телевизија, бањање и дали небото е сино. Апсолутно за сè. Таа има право да биде нервозна повремено, па не се расправај. Најдобро за тебе е да се согласуваш со сè што ќе ти каже во следните осумнаесет години. Верувај ми.
  8. Ако ништо од горенаведеното не претставува проблем, провери го кафето. Можеби по грешка си купил безкофеинско кафе. Во таков случај, тивко, без да привлекуваш внимание кон себе, оди купи го правото кафе и внимателно замени го смешното безкофеинско одвратно кафе со вистинско. Не дозволувај да те фатат и не признавај што си направил. Ова може да ти ја спаси врската.

Најважно од сè е да запомниш дека таа те сака. Таа те избра тебе да ѝ се придружиш на ова лудо патување наречено родителство и иако е премногу уморна и истоштена на крајот на денот за да ти каже, таа те цени. Издржи. Вреди да издржиш. А да, добрата старомодна прегратка никогаш не е на одмет.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за новото име Република Северна Македонија?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 8796 гласа)

Цитат

Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа.

Тик Нјат Хан

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.