Инспиративно 8-годишно девојче со ампутирани нозе е ведра ѕвезда во нова модна кампања
Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративно 8-годишно девојче со ампутирани нозе е ведра ѕвезда во нова модна кампања

Инспиративно 8-годишно девојче со ампутирани нозе е ведра ѕвезда во нова модна кампања

Дејзи-Меј Димитри e 8-годишно девојче кое инспирира со ведрата насмевка, позитивниот дух и енергијата. Иако нејзе ѝ се ампутирани двете нозе, таа го живее својот живот со полни гради.

Токму поради тоа, слатката Дејзи доби моден ангажман од страна на River Island. Таа стана ѕвезда во новата рекламна кампања за детска спортска облека на популарниот бренд.

Дејзи-Меј Димитри Дејзи-Меј Димитри Дејзи-Меј Димитри

Имено, од самото раѓање, на слаткото девојче му била дијагностицирана Fibular hemimelia – недоволно развиени коски (мали писки) на двете нозе.

Малата писка е долга коска латерално сместена од големата писка и заедно со големата писка ја сочинуваат потколеницата.

Дејзи-Меј ДимитриДејзи-Меј пред операцијата

„Нејзините стапала никогаш не се формираа правилно“ – изјавил нејзиниот татко. Со тешко срце, родителите на Дејзи одлучиле дека за нивното чедо да има нормален живот треба да ја изложат на операција. На само 18 месеци на Дејзи ѝ биле ампутирани двете нозе од под колената и денес таа се движи и вежба со помош на протетички помагала.

Дејзи постојано тренира со својот татко и не дозволува хендикепот да ја спречи да го следи својот сон.

Дејзи за првпат дефилираше на ревија за време на Лондонската недела на модата во 2017 година.

Дејзи-Меј Димитри Дејзи-Меј Димитри Дејзи-Меј Димитри Дејзи-Меј Димитри

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор летово?
  • 24%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 4%
  • 4%
  • 12%
  • 11%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4469 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.