Почетна » Новости » Занимливости » Иновативни боенки за деца сега се продаваат и во Македонија

Иновативни боенки за деца сега се продаваат и во Македонија

Деновиве во Македонија во продажба се пуштени иновативни боенки кои ги инспирираат децата да започнат да се занимаваат со креативни активности. Станува збор за Смарт боенки, кои може да се користат заедно со специјално дизајнирана апликација која е наменета за смартфони и таблети, преку која оживуваат ликовите од боенката. Апликацијата ја детектира страницата од боенката и на екранот ги прикажува 3D ликовите кои можат да зборуваат, да танцуваат и да кажуваат многу поучни работи!

„Боенките се многу важни за развивањето на креативноста кај децата и уште од рана возраст им нудат можност креативно да се изразат. Но, со појавувањето на дигиталните уреди, децата почнаа да стануваат незаинтересирани за ваквиот начин на изразување. Затоа, ние создадовме мост помеѓу вистинскиот и дигиталниот свет.“ – вели тимот од студенти кој стои зад овој проект во Македонија.

Смарт боенки Смарт боенки

Проектот траеше 3 месеци (јуни, јули и август 2017), а на него работеа студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ кои студираат на Факултетот за информатика и Факултетот за економија и организација на претприемништвото. Проектот беше реализиран со помош на издавачката куќа на универзитетот, каде се вршеа сите дизајни.

Проектот е работен по лиценца на руска компанија, која се труди да пронајде иновативни начини да ги поттикне децата да ги користат книгите.

Смарт боенки Смарт боенки

Апликацијата за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов). За да може да се користи апликацијата, потребно е да го внесете кодот за активација кој се наоѓа под грепката на задната корица од боенката. Секоја боенка доаѓа со уникатен код за активација кој е генериран за секој примерок од боенката посебно. Од страна на издавачот се преземени сите мерки за заштита на кодот.

Смарт боенки Смарт боенки

Во првиот месец (до 12.10.2017) боенките ќе се продаваат по промотивни цени и ќе бидат достапни за порачување на следнава веб страница https://smartboenki.mk/.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9511 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.