Почетна » Новости » Занимливости » Изберете шарен маникир и/или чорапи по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Изберете шарен маникир и/или чорапи по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Утре светот ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Придружете се во одбележувањето, облекувајќи шарени чорапи и лакирајќи ги ноктите шарено. Ајде заедно да му се воодушевуваме на овој шарен свет во кој сите живееме и да придонесеме за рушење на негативните перцепции кои постојат во општеството за овие лица.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Down Syndrome International нѐ повикува сите нас, од различни краеви на светот, да одбереме активности и настани кои ќе помогнат во подигање на јавната свест за тоа што е Дауновиот синдром, што значи да имате Даунов синдром и како луѓето со Даунов синдром ги збогатуваат нашите животи и нашите заедници.

Секоја година гласот на луѓето со Даунов синдром и оние кои живеат и работат со нив, станува сѐ погласен. Годинешната тема на Светскиот ден е: #MyVoiceMyCommunity – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата.

Даунов синдром

Во 2017 година, сите заеднички треба се фокусираме на оспособување на луѓето со ДС (и нивните гласноговорници) да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат вклучени, целосно и на еднакви основи со другите, во сите аспекти од општеството.

Центарот за Даунов синдром (DSC) ќе го одбележи овој голем ден на следните настани организирани денес, 20 март 2017 година.

19.00 - 19.30 Свечено отворање и одбележување на светскиот ден во Кинотека на РМ
WDSD Global Video Event и неколку кратки видео записи
19.30 - 19.45 Промовирање на фотографската изложба на Огнен Теофиловски
20.00 - 20.30 Презентации – Центар за Даунов синдром, асистивни технологии и апликации
20.30 - 20.45 Презентација на видеото на УНИЦЕФ во кое се јавува Нина Костовска
20.45 - 21.00 Прашања, коментари, предлози и одговори
21.00 - 21.30 Коктел

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, изминатава сабота се одржа хуманитарна трка во Градскиот Парк, Скопје, организирана од Мечувалечки Клуб „Ескрим“.

Пред сите присутни, децата со Даунов синдром пренесоа една порака: „И ние го можеме истото како и сите!“. Тие тоа и го докажаа за време на трката.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.