Почетна » Новости » Занимливости » „Зад мојот „совршен“ живот на Instagram, анксиозноста ме убиваше“: Есеј на блогерка за реалноста зад социјалните мрежи

„Зад мојот „совршен“ живот на Instagram, анксиозноста ме убиваше“: Есеј на блогерка за реалноста зад социјалните мрежи

Социјалните мрежи станаа дел од секојдневниот живот на речиси секоја личност, но тоа што корисниците го прикажуваат на своите профили, не секогаш ја отсликува целосно реалноста.

Во моќен есеј, блогерката Софи Греј отворено зборуваше за анксиозноста и паничните напади кои ги доживувала, додека се обидувала на своите следбеници да им пренесе идеална слика за нејзиниот живот.

Таа минала години обидувајќи се да достигне „идеална“ тежина и да промовира здрав живот на социјалните мрежи, но сето тоа ја одвело директно во канџите на анксиозноста и депресијата.

Прочитајте го нејзиниот текст кој допре до илјадници лица:

Софи Греј

Ми се чини дека речиси секоја фотографија на Instagram е од убава жена која ги покажува нејзините завидни стомачни мускули или тонирани нозе. Тешко е да НЕ се чувствуваш несамоуверено. Всушност, Instagram неодамна беше рангирана како најлоша социјална мрежа за вашата самодоверба. Верувајте ми, сфаќам. Имам поминато часови талкајќи низ профилите на други луѓе... посакувајќи да сум послаба, да имам подолга коса, побели заби, или поголем простор помеѓу бутовите.

Работата е што додека тарашкав низ профилите на други девојки, чувствувајќи се помалку убава, други девојки тарашкаа низ мојот профил, чувствувајќи се исто како мене.

Изградив мрежа на следбеници од над 400.000 лица од споделување на свои фотографии од стомачни мускули и фит тело. Редовно добивав коментари дека имам совршено тело и дека луѓето целат да изгледаат како мене. Но... нели јас бев таа девојка која тарашкаше низ профилите на другите луѓе, притоа намалувајќи си ја самодовербата?

Моите „постигнувања“ во однос на моето тело не спречија да чувствувам осакатувачки количини на љубомора, депресија и срам, кои илјадници, ако не и милиони, жени низ светот ги чувствуваат поради социјалните медиуми.

Софи Греј

Ако го разгледавте мојот профил на Instagram пред неколку месеци, ќе видевте профил исполнет со спортски градници и зелени смутија. Ќе видевте фотографии кои ме портретираат како силна, фит и личност која води совршен живот. Ќе видевте личност супер среќна и супер здрава. Барем тоа е она во што мојот профил ќе ве наведеше да верувате.

Но, ако бевте моето момче на истиот тој ден, ќе добиевте целосно различна приказна.

Ќе седевте покрај мене, очајно обидувајќи се да ме смирите, додека паничен напад ја преземаше контролата врз моето тело. Ќе се обидевте да ме заштитите од љубопитните очи на аеродром, додека стоев плачејќи на местото за подигање на багажот. Ќе влезевте во изнајмената кола и ќе тргневте на 38-часовен пат, бидејќи јас не можев да се качам на авион.

Кој има совршен живот сега? Ако бевте таму, ќе си го помислевте токму тоа.

На сред патување за дома, по многу солзи, безброј часови на пат, и уште еден паничен напад во Висконсин, јас дојдов до овој заклучок:

Повеќе нема да објавувам фотографии на социјалните мрежи кои прикажуваат гола половина.

Зошто? Едноставно израчунав: Една од пет личности живее со анксиозност. Јас имам 400.000 следбеници само на Instagram, што значи дека приближно 80.000 од моите фанови живеат со анксиозност во моментов – вклучувајќи ме и мене. Дали моето портретирање на „идеален живот“ ги правеше нив да се чувствуваат подобро? Тоа правеше јас да се чувствувам ужасно, па прилично сум сигурна дека не.

Селфијата од стомачните мускули – и имплицитното критикување кои доаѓа со нив – мора да престанат.

Знам како е да се чувствуваш ужасно.

Слушнав дека ако некој се чувствува лошо за себе додека ги гледа твоите фотографии, тоа е поради нив, а не поради тебе. Сфаќам. Тоа беше моето оправдување веќе долго време. Знам дека туѓата самодоверба не е моја одговорност.

Но, исто така, знам како е да се чувствуваш ужасно. Знам како е очајно да сакаш да бидеш некоја друга личност, а не себеси. Знам како е да се погледнеш во огледало и да плачеш додека тивко се измолкнуваш. Што по ѓаволите? Знам како е чувството да бегаш во паника.

И сега го имаме истражувањето кое докажува дека не сум сама – сите ние го чувствуваме тоа.

Не сакам да ја мешам туѓата болка и анксиозност со моето портретирање на таканаречениот совршен живот или тело. Сакам да бидам сила за позитивни промени. Сакам да посегнам со сочувство и разбирање до моите следбеници кои живеат со анксиозност и да им помогнам и нив. И на тој начин, ќе почувствувам дека секое искуство кое го имам со моите „проблеми“ вреди.

Да, селфијата од стомачни мускули можат да бидат мотивирачки, но тие имаат свое место. Тие веќе не се моја мотивирачка алатка и јас се чувствувам одлично поради тоа.

Софи Греј Софи Греј

A post shared by Sophie Gray (@wayofgray) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.