Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно видео: Родители со дечиња кои биле родени предвреме им се заблагодаруваат на медицинските сестри

Емотивно видео: Родители со дечиња кои биле родени предвреме им се заблагодаруваат на медицинските сестри

Пред неколку дена беше одбележан Светскиот ден на предвреме родените бебиња.

Емотивно видео, посветено на медицинските сестри кои се грижат за предвреме родените бебиња на интензивна нега, стопли милиони срца.

Видеото потсетува дека токму сестрите се тие кои им даваат љубов и топли прегратки на премалите бебиња кои се борат за живот, кога не можат постојано да бидат посетувани од родителите.

На крајот од видеозаписот, пораснати дечиња заедно со родителите со бакнежи и прегратки им се заблагодаруваат на медицинските сестри.

„До секоја сестра која не остава ниту едно бебе без прегратка. Ви благодариме“ – стои на крајот на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.