Десет работи што треба да ги запамтите како пензиски осигуреник
Почетна » Новости » Занимливости » Десет работи што треба да ги запамтите како пензиски осигуреник

Десет работи што треба да ги запамтите како пензиски осигуреник

Кога сте вработени, треба да знаете дека дел од вашата бруто-плата секој месец се издвојува за пензиско осигурување и дека тие пари ќе бидат извор на средства за месечна пензија откако ќе се пензионирате.

Сепак, да се биде пензиски осигуреник значи многу повеќе од тоа, односно постојат многу повеќе можности и поволности. На интернет страницата www.penzija.mk пронајдовме корисни информации кои се однесуваат на пензискиот систем и кои би било многу корисно да ги запамтите.

Пензија
  1. Постојат три столбови на пензискиот систем. Во првиот столб, кој е задолжителен, членуваат сите редовно вработени лица од земјава за кои се уплатени или се уплаќаат придонеси за пензиско осигурување. Вториот столб исто така е задолжителен и во него задолжително членуваат сите лица кои првпат се вработиле по 1.1.2003 година, како и лица со вработување пред 1.1.2003 кои одлучиле дел од пензискиот придонес да им се префрла и во вториот столб. Третиот столб е доброволен и во него членуваат лица кои сакаат да штедат дополнително за финансиски посигурни пензионерски денови.
  2. Со средствата во приватните пензиски фондови управуваат пенизиските друштва. Со средствата од првиот столб управува државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), додека со средствата од вториот и третиот столб управуваат двете приватни пензиски друштва: НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.
  3. Како се станува член во пензиските фондови? Член на првиот столб се станува со самото вработување, кога работодавците ќе почнат да уплаќаат пензиски придонеси во Фондот на ПИОМ. Задолжителните членови во вториот пензиски столб имаат право да одберат, во кој од задолжителните пензиските фондови ќе членуваат: НЛБ Пензиски фонд со кој управува НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје или КБ Прв задолжителен пензиски фонд управуван од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Членовите кои ќе одлучат да се приклучат и кон третиот столб, исто така избираат во кој доброволен пензиски фонд ќе уплаќаат средства: НЛБ Пензија плус или КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.
  4. Пензискиот фонд од вториот столб треба да го изберете најдоцна до 3 месеци од првото вработување. Доколку во рокот од 3 месеци не изберете во кој задолжителен пензиски фонд сакате да членувате со тоа што ќе склучите договор за членство, тогаш по сила на закон, ќе станете член на пензискиот фонд во кој сте распределени по случаен избор. Ако не знаете во кој пензиски фонд сте распределени, побарајте ја таа информација на contact@mapas.mk или на телефонскиот број 02/3224 229.
  5. Може да се префрлите од еден задолжителен пензиски фонд во друг. Преминот од еден во друг пензиски фонд се прави со потпишување договор за премин и изјава за согласност за премин. Доколку членството во постојниот задолжителен пензиски фонд е пократко или еднакво на 720 дена, членот што преминува треба да плати и одреден надоместок за премин. Ако членството е подолго од 720 дена преминот е бесплатен. v
  6. Средствата од вториот столб може да се подигнат со остварување на правото на старосна пензија. Според законските прописи во Македонија, правото на старосна пензија се остварува со навршени 64 возраст за мажи и 62 за жени, со минимум 15 години работен стаж. Лицата кои се членови во вториот столб, а не се стекнале со право на старосна пензија, средствата од вториот столб може да ги користат откако ќе наполнат 65 години.
  7. Динамиката на уплата во третиот доброволен столб ја одредувате самите. Членството во третиот столб е доброволно, при што самите одредувате колку средства и кога ќе уплаќате. Целата заштеда се акумулира на доброволната пензиска сметка и тие средства може да се подигнат најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија.
  8. Вредноста на акумулираните средства во вториот и третиот столб е динамична бидејќи тие се инвестираат. Средствата на сметката во пензискиот фонд во кој членувате ги управува пензиското Друштво. Тие средства се инвестираат според многу строги правила утврдени со закон и инвестициони стратегии, со цел тие да се оплодуваат и да се остварува оптимален принос, кој пропорционално се распределува на сметките на сите членови и пензионирани членови. Средствата се инвестираат со јасно дефинирани максимални лимити за вложување во: државни хартии од вредност, банкарски депозити, акции на најреномирани домашни и странски акционерски компании, инвестициски фондови и слично.
    Преку членување во пензиските фондови, Вие сте посредно акционери во компании како: NESTLE AG, SIEMENS AG, ALPHABET INC, AMAZON INC, APPLE INC, MICROSOFT CORP, АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ и други.
  9. Членството во вториот столб трае до остварување на правото на пензија. Доколку останете без работа, не го губите правото на членство и останувате член во вториот столб. Вашите средства и понатаму се инвестираат и при повторно вработување, уплатата на придонеси продолжува на истата индивидуална сметка во пензискиот фонд каде и претходно сте биле член.
  10. Вашата индивидуална сметка може да ја проверувате кога сакате. Проверката може да ја извршите онлајн, преку интернет страницата на Вашето пензиско друштво. Доколку не го знаете корисничкото име, проверете го во годишниот извештај што го добивате во зелен плик на домашната адреса или на вашата имејл адреса или јавете се директно во пензиското друштво.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 20%
  • 72%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 16289 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.