Девојка, која тежела 135 кг и била нарекувана „прасе“, ослабе 45 кг за 7 месеци и инспирира на Instagram
Почетна » Новости » Занимливости » Девојка, која тежела 135 кг и била нарекувана „прасе“, ослабе 45 кг за 7 месеци и инспирира на Instagram

Девојка, која тежела 135 кг и била нарекувана „прасе“, ослабе 45 кг за 7 месеци и инспирира на Instagram

Девојка, која во минатото тежела повеќе од 135 килограми, си го трансформираше изгледот за само 7 месеци, намалувајќи ја тежината за 45 килограми. Сега, таа се чувствува самоуверено во својата кожа и се обидува да инспирира и други лица да го следат нејзиниот пример.

„Животот е прекраток и прескапоцен за да поминеш уште една секунда, живеејќи живот во кој не сакаш да бидеш. Поминав 21 година мразејќи го моето тело, а отсекогаш сум имала моќ да го променам. Никогаш нема да имам совршено тело, но сум среќна и задоволна со мојот начин на размислување и животот кој сега го живеам. Научив скапоцени лекции во текот на моето патување. Биди промената која сакаш да ја видиш“ – вели Елизабет Вајс.

Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс

Елизабет имала проблеми со тежината целиот свој живот, како и сите во нејзиното семејство. Таа била помирена со фактот дека има прекумерна тежина, но кога станала тинејџерка, тоа започнало да се одразува на нејзиното ментално и физичко здравје.

Во средно училиште, на Вајс ѝ била дијагностицирана депресија. Имало моменти кога таа се самоповредувала и сакала да си го одземе животот.

„Притисокот во средно училиште беше преголем за мене. Чувствував дека сум единствената дебела девојка во училиштето. Во автобусот, ме нарекуваа ‘прасе’. Еднаш, едно момче ми рече: ‘Имаш среќа што сум со тебе, бидејќи си премногу дебела’. Секогаш си мислев дека треба да се помирам и дека никогаш нема да бидам вистински среќна“ – рекла таа.

Во најлошиот момент од животот, Елизабет го сретнала својот сегашен партнер Дарио, кој ја сакал безусловно.

„Дарио ме сака на начин на кој никогаш претходно не сум била сакана. Тој беше покрај мене секојпат кога сакав да се самоповредам, ме носеше на психијатар за да не бидам сама, во секоја прилика ме потсетуваше дека сум убава и силна. Тој беше подобар од кој било доктор или антидепресив. Никогаш немал проблеми со мојата дебелина, но јас секогаш имав ниска самодоверба, бидејќи бев двојно потешка од него“ – додава инспиративната девојка.

Со помош на Дарио, Елизабет успеала да се справи со депресијата, но започнала да јаде неконтролирано. На 21 година, таа тежела 135 килограми и се соочувала со бројни медицински проблеми. „На 21 година, моето тело започна да потфрла поради токсичниот начин на кој се однесував кон него“ – пишува таа.

Инспирирана од фотографии на Facebook од девојки кои успеале да ослабат, Елизабет започнала да ги заменува нездравите оброци со поздрави варијанти и да вежба. Само во првата недела, таа ослабела 5 килограми, а во првите 7 месеци намалила 45 килограми.

Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс

Сега, таа си има поставено мисија да го продолжи синџирот на промени и да охрабри други лица да ја намалат тежината.

„Сакам да им помогнам да ослабат на сите кои имаат потреба од тоа. Секоја личност е способна да се промени и никому не му е судено да живее несреќен живот. Благодарна сум им на сите што ми помогнаа и ќе продолжам да возвраќам за тоа преку мојот Instagram профил. Се чувствувам смело поради ова патување и повеќе не чувствувам дека сум заглавена. Се трансформирав себеси во воин“ – рекла таа.

„Не чекајте до следниот понеделник или до следната година. Направете го тоа СЕГА! За трансформација е потребно време, но ќе се чувствувате многу подобро откако ќе започнете“ – советува Елизабет.

Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс Елизабет Вајс

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 9261 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.