„Гушни го твоето малечко, дури и кога тоа малечко не е повеќе малечко“: Текст кој допира до секоја мајка
Почетна » Новости » Занимливости » „Гушни го твоето малечко, дури и кога тоа малечко не е повеќе малечко“: Текст кој допира до секоја мајка

„Гушни го твоето малечко, дури и кога тоа малечко не е повеќе малечко“: Текст кој допира до секоја мајка

Понекогаш родителите сметаат дека со растењето, децата стануваат тотално самостојни и дека ја губат потребата од блискост со нив.

Блогерката Криста Ворд напиша текст со кој потсетува дека децата имаат потреба од топлата прегратка на своите родители без разлика дали имаат 5 месеци или 5, 15, 35... години.

Прочитајте го:

Бебе

Ти велат да го држиш твоето бебе.

Ти велат дека сè останато може да почека.

Ти велат да заборавиш на листата со обврски, бидејќи тоа слатко мало бебенце вреди да биде гушкано.

Вреди да се остават садовите неизмиени и подот неисчистен.

Но, забораваат да ти споменат колку брзо расте тоа бебе.

Тоа малечко кое некогаш лежеше совршено на твоите гради, повеќе не се вклопува на нив толку добро.

И ти забораваш да го држиш твоето малечко.

Забораваш дека сè останато може да почека.

Забораваш дека е во ред да ја заборавиш листата со обврски, бидејќи тоа слатко мало бебе сè уште вреди да биде гушкано.

Вреди да се остават садовите неизмиени и подот неисчистен.

И дека тоа пораснато бебе сè уште има потреба од тебе.

Дека сè уште му треба целото твое внимание.

Дека сè уште треба да ги оставиш куповите документи за да присуствуваш на чајанка.

Дека сè уште треба да паузираш со чистењето за да импровизираш криенка.

Дека сè уште треба да го земеш в раце и да го опсипеш со твојата безусловна љубов.

Бидејќи ќе има време, многу време, за да ги завршиш сите обврски.

Без разлика дали тоа ќе бидат украдени моменти за продуктивност за време на попладневните дремки.

Или пак ќе брзаш дома откако ќе ги оставиш децата на училиште.

Или пак ќе сфатиш дека чистата куќа не е ни толку важна кога нив ќе ги нема...

Ќе има време.

Па, гушни го твоето малечко.

Сè останато може да почека.

Заборави на листата со обврски.

Гушни го твоето мало дете кое се бори со нови, конфузни емоции.

Гушни го твоето дете кое е вознемирено поради првиот училиштен ден.

Гушни го твојот третоодделенец кој едноставно има потреба од момент во твоите раце.

Гушни го твојот шестоодделенец кој е фрустриран поради тешкиот тест.

Гушни го твојот осмоодделенец кој се справува со огромен притисок од врсниците.

Гушни го твојот средношколец кој не успеа да влезе во посакуваниот тим.

Гушни го твојот студент кој е скршен поради писмото за раскинување.

Гушни го синот кој се подготвува да зачекори кон олтарот.

Гушни ја ќерката која се бори со неплодност.

Гушни го твоето малечко.

Сè останато може да почека.

Заборави на листата со обврски.

Затоа што не постои ништо поважно и повредно од гушкањето на твоето малечко.

Дури и кога тоа малечко не е повеќе малечко.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 69%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8509 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.