Годините се само обична бројка: 77-годишна баба не престанува да танцува балет
Почетна » Новости » Занимливости » Годините се само обична бројка: 77-годишна баба не престанува да танцува балет

Годините се само обична бројка: 77-годишна баба не престанува да танцува балет

„Животот е прекраток за да не го правиш она што го сакаш“ – ова е пораката која Мадам Пул им ја пренесува на своите ученички.

Мадам Сузел Пул е инспиративна бабичка која и на 77-годишна возраст не се откажува од својата љубов – балетот. Таа започнала да танцува кога имала 7 години, а за првпат како професионална балерина настапила на 10 години.

Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул

Во моментов, Сузел предава во училиште за балет, каде ги инспирира младите девојки да ги следат своите соништа.

„Без разлика дали е сликарство или балет или јога, што и да е она што навистина го сакате, никогаш не е предоцна. Започнете да го правите она што го сакате сега“ – вели таа.

Покрај часовите во училиштето, Пул како волонтер танцува во старски дом за да ги поттикне старите лица кои престојуваат таму да ги прават вежбите кои им ги покажуваат вработените.

Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул

„Јас сум постара од повеќето од нив. Не им се верува дека сè уште танцувам, многу сум благодарна што можам да го правам тоа. Танцувањето за мене е најубавата вежба. Фит сум, не пијам никакви лекарства и верувам дека секому би му користеле часовите по балет.“

„Се надевам дека мојата приказна ќе им покаже на луѓето дека годините не се пречка за танцување“ – вели Пул.

Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул Мадам Сузел Пул

Видеа

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3822 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?