Војвотката Кетрин блесна во бело на крштевката на малиот принц Луи
Почетна » Новости » Занимливости » Војвотката Кетрин блесна во бело на крштевката на малиот принц Луи

Војвотката Кетрин блесна во бело на крштевката на малиот принц Луи

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам заедно со трите деца пристигнаа во кралската капела во палатата Сент Џејмс за крштевката на принцот Луи. Ова е првпат петчленото семејство да биде фотографирано заедно во јавност.

Крштевката на Луи

36-годишната Војвотка блескаше во бело додека го држеше заспаното синче. Креацијата е дело на Александар МекКвин додека модниот додаток за глава е со потпис на Џејн Тејлор. Вилијам чекореше заедно со 4-годишниот Џорџ и 3-годишната Шарлот.

Крштевката на Луи Крштевката на Луи

Малиот принц, кој доби шест кумови, беше крстен во истиот фустан во кој беа крстени и принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Бежовата креација е рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен сошиен за најстарата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година.

Крштевката на Луи Крштевката на Луи Крштевката на Луи Крштевката на Луи
Крштевката на Луи

По 40-минутна религиозна церемонија, гостите се поканети на чајанка на која ќе бидат послужени парчиња од свадбената торта на Кетрин и Вилијам од пред седум години.

Меѓу присутните се и принцот Хари со Меган Маркл, принцот Чарлс со Камила, Пипа Мидлтон, која е бремена со првото дете, Џејмс Мидлтон и родителите на Кетрин - Мајкл и Керол.

Крштевката на Луи

Анкета

Анкета
Дали ќе гласате на референдумот на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
  • 25%
  • 5%
  • 70%
Се испраќа...

(Вкупно: 8839 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.