„Вози право, вози здраво“ Vol.5 ќе се одржи утре со почеток во 18 часот од сала Борис Трајковски
Почетна » Новости » Занимливости » „Вози право, вози здраво“ Vol.5 ќе се одржи утре со почеток во 18 часот од сала Борис Трајковски

„Вози право, вози здраво“ Vol.5 ќе се одржи утре со почеток во 18 часот од сала Борис Трајковски

Во јубилејната 75-та година од постоењето, Стопанска банка со гордост го најавува петтото издание на ревијалната трка #ВозиПравоВозиЗдраво долж улиците на Скопје со која сите, како заедница, дејствуваме за подигнување на свеста дека возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не само што не загадува, туку и помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина, а воедно е забавно и здраво.

Затоа ја повикуваме јавноста да земе учество на најмасовната ревијална трка во Скопје. Добредојдени се учесници од сите возрасти: од бебе колички, велосипеди со помошни тркала, моноцикли, градски и планински велосипеди и секако тротинети, ролерки и скироли. Секој што сака да се вози низ улици ослободени од сообраќај, гужва и бучава е добредојден да се регистрира и да земе учество и во ревијалната трка и во вредната лотарија на целта во Градскиот парк.

Вози право, вози здраво

Оваа година, километрите кои ќе ги извозиме заедно, Стопанска банка АД – Скопје ќе ги вклучи во акцијата „Вози од срце“ со која на национално ниво се обидуваме да ја подигнеме свеста за предностите на велосипедизмот врз здравјето на сите. Во текот на кампањата, Банката ќе ги повика сите велосипедисти заедно да соберат 1 милион извозени километри, по што Банката ќе донира медицинска опрема за Детската клиника за кардиологија и срцата на децата. Повеќе за кампањата можете да дознаете на www.voziodsrce.mk од каде можете и да се регистрирате за учесто на ВПВЗ vol. 5.

„Вози право, вози здраво“ vol. 5 на целта во Градскиот парк и оваа година ќе понуди многу интеракција, забава и содржини за сите гости и учесници. Ревијалната трка е предвидено да почне во 18 часот од салата Борис Трајковски и да заврши во Градскиот парк во 19 часот каде за атмосферата ќе се погрижат Баскер фест и омилените 5+ фамилија.

Покрај забавата Банката и соработниците ќе обезбедат и освежување за учесниците а секако, за сите учесници ќе бидат обезбедени и репрезентативни подароци. Како и досега, редните броеви на учесниците ќе бидат дел од извлекувањето на вредната лотарија со: 20х Specialized Велосипеди, 10х GoPro камери и 1х M-365 електричен тротинет кој го доделува Град Скопје.

Стопанска банка АД - Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи влијае врз заштитата на ресурсите и животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да промовира една вака значајна тема како што се овие алтернативи на транспорт посебно во густо населените урбани средини.

Во тој контекст, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за велосипеди, нашите вработените се почесто ги користат велосипедите како транспорт од и до работа, граѓаните на Град Скопје повторно активно го користат СТБ Детскиот велодром кој беше предмет на поправки оваа година, ги користат и 5те модерни станици за поправка на велосипеди и 100те вело паркинзи на одбрани урбани локации. Овие вело донации од Банката за жителите на Град Скопје продолжуваат и понатаму, така што во изградба е веќе нов објект pumptrack – велосипедска адреналинска патека на границите на Градскиот парк.

Се надеваме на уште едно одлично издание на „Вози право, вози здраво“ и ја повикуваме јавноста за учество и поддршка на настанот.

Ве известуваме и дека, поради масовноста на ревијалната трка и со цел максимална заштита на учесниците, во сабота, на 08.06.2019 ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка. Поставени ќе бидат времени сообраќајни знаци а СВР Скопје ќе го пренасочува сообраќајот соодветно. Им благодариме на сите учесници во сообраќајот за разбирањето и поддршката.

Вози право, вози здраво

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8605 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.