Вистинските пријатели инспирираат - мазна кожа без влакна со најдобрите пријателки
Почетна » Новости » Занимливости » Вистинските пријатели инспирираат - мазна кожа без влакна со најдобрите пријателки

Вистинските пријатели инспирираат - мазна кожа без влакна со најдобрите пријателки

Веќе знаеме дека Philips Lumea е мултисезонско и идеално решение кое ни ја нуди слободата на долготрајно мазна кожа и до 6 месеци! И, ништо не е случајно! Со цел да се докаже ефикасноста на Philips Lumea, беа направени бројни истражувања и резултатите од спроведените тестови покажаа дека кај 78% од жените кои го тестирале Lumea Prestige, кожата останува мазна и без влакна навистина до 6 месеци по 12 третмани, а тоа во превод значи - само 2 третмани годишно!

Но, за и самите да се увериме во резултатите, производот го понудивме и на неколку наши девојки, или ако повеќе сакате, „инфлуенсерки“ на социјалната мрежа Инстаграм, кои имаа можност да го тестираат. Бидејќи Philips Lumea нуди едно ново и сосема поинакво пријателство, уредот не го понудивме на било кого, туку токму на два пара најдобри пријателки кои се инспирираат меѓусебно.

Овој пат се дружевме со пријателките Софија и Ксенија или @janeva & @ksenijadespotoska и Марис и Маринела или @maryseyolene & @stylish_by_marinela, пријателки кои преку социјалните медиуми пробаа да ни ги пренесат искуствата од нивната дружба со Philips Lumea.

Блогерките тестираа Philips Lumea

Преку неколку прашања, дознајте ги нивните впечатоци за ефикасноста на уредот, како и нивните рутини и методи за отстранување на несаканите влакна од телото.

  1. Како се запознавте со Лумеа?

@stylish_by_marinela - Lumea-та прв пат ја видов на ТВ реклама. Веднаш помислив: „ова мора да го пробам“. Можете да замислите колку се израдував на повикот на Philips за тестирање на истата.

@marysejolene – Јас со Lumea се запознав преку Инстаграм Реклама. Се сеќавам дека бев изненадена и возбудена дека постои таков вид на IPL технологија и веднаш почнав да читам и истражувам за неа. Ме интересираше дали навистина функционира, како се користи и колку чини.

  1. Кој беше првиот впечаток кога го видовте уредот?

@janeva - Lumea-та ме освои на прв поглед, модерен дизајн, анатомски облик, а посебно ми се допаднаа „rose gold“ нијансите на уредот, па одвај чекав да го употребам.

@ksenijadespotoska – И мојот прв впечаток кога го видов уредот беше „wow“! Го видов одамна и баш сакав да го пробам.

Блогерките тестираа Philips Lumea
  1. Што ви беше првото што ви падна на памет кога видовте дека постои решение за долготрајно мазна кожа?

@stylish_by_marinela & @marysejolene едногласно се согласија „Ова морам да го пробам, како да е измислено за мене“ и додадоа дека користењето во домашна атмосфера е навистина голем плус, а сепак да има видливи и долготрајни резултати.

  1. Пред да започнете со употребата на Lumea, каков метод за отстранување на влакната користевте и што најмногу ви пречеше кај тој метод?

Барајќи го совршениот метод за отстранување на влакна, и двете другарки @janeva & @ksenijadespotoska изјавија дека пробале депилација со ладен и топол восок, ленти за депилација, електрични епилатори и слично, но најмногу им пречело тоа што истите се повеќе или помалку болни методи, потребно е време за посетата на козметички салони, но и често се јавуваат поткожни влакна.

Блогерките тестираа Philips Lumea
  1. По колку третмани забележавте резултати?

@stylish_by_marinela - Првично, по вториот третман забележав намален раст на влакната. Но, дефинитивно повидливи резултати имав по третиот третман. Кожата ми беше помазна, поткожните влакна беа речиси целосно исчезнати. А, со секој нареден третман, резултатите беа сѐ подобри. Сега веќе уживам во мазната кожа, а ја користам Lumea-та само два месеци.

@marysejolene - Јас лично уште по првиот третман забележав побавен раст на влакната, а уште позабележливо изретчување на влакната на одредени места имав по третиот третман.

Блогерките тестираа Philips Lumea
  1. Која зона ја третирате?

Како @janeva, така и @ksenijadespotoska изјавија дека ги третираат сите зони, односно цело тело. „Веќе после вториот третман целата постапка беше многу побрза и лесно се привикнавме на користењето на Lumea-та“ - велат Софија и Ксенија.

  1. Дали боли?

@stylish_by_marinela - Lumea третманот е речиси безболен. Искрено јас чувствувам само минорно пецкање.

@marysejolene - Кога ја користам Lumea-та, само на одредени места (оние почувствителните, како на пример зад колениците) чувствувам благо пецнување за време на третманот, но на поголемиот дел од местата кои ги третирам не чувствувам воопшто ништо.

Блогерките тестираа Philips Lumea
  1. Во која зона забележавте најмногу резултати?

@janeva - Најмногу резултати забележав под пазувите и на рацете, и тоа веќе после вториот третман имав забележително изретчување на влакната во тие зони.

@ksenijadespotoska – Јас најмногу резултати забележав на рацете. Баш пред некој ден си ги погледнав и се зачудив колку навистина ми се изретчени влакната.

Блогерките тестираа Philips Lumea
  1. За крај, која е вашата препорака за оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја купат?

@stylish_by_marinela - Не двоумете се, одлучете се за Philips Lumea, верувајте, тоа е најпаметната инвестиција што ќе ја направите и од временски и од финансиски аспект.

@marysejolene - Мојата препорака е да не се двоумат девојките и доколку се во можност, дефинитивно вреди да се инвестира во еден ваков апарат кој заштедува време, пари и енергија.

@janeva - Мојата препорака е да ја пробате за да се уверите во квалитетот и ефикасноста на Lumea-та, бидејќи навистина делува! Дефинитивно заштедувате време, а и пари на долг рок, со тоа што не одите постојано во козметички салони на скапи третмани.

@ksenijadespotoska - Замислете колку време ќе заштедите, во споредба со секојдневно бричење.

Па, на самиот крај: дали е заштеда на време, дали е заштеда на пари, на нерви или на нешто друго: едно е сигурно! Сонот за долготрајно мазна кожа може да стане јаве! Не дозволувајте да ви раскажуваат или само да читате за бенефитите на овој ваш одличен сојузник, но и не заборавајте да продолжите да ги следите искуствата на @janeva, @ksenijadespotoska, @maryseyolene и @stylish_by_marinela. Ако ништо друго, преку нивните искуства навистина ќе се уверите дека Philips Lumea може да стане и ваша најдобра другарка!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18536 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?