Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Каролина Гочева со моќна порака против насилството врз жени и девојчиња

ВИДЕО: Каролина Гочева со моќна порака против насилството врз жени и девојчиња

И Каролина Гочева се вклучи во борбата против насилството врз жените и девојчињата.

Македонската ѕвезда пренесе моќна порака преку видео, кое го сними во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство", која оваа година се води под мотото „Вклучи се. Со срце за секоја една“.

„Насилството врз жени е најчесто премолчувана тема и затоа нашиот прв впечаток на оваа тема е секогаш дека тоа е нешто кое се случува на некој кој не го познаваме. И веројатно, доколку размислиме подобро, ќе дојдеме до заклучок дека не познаваме ниту една личност од нашата поблиска и подалечна околина која се соочила со овој проблем, а тоа е најчесто така затоа што обично последиците завршуваат покриени под слоеви шминка и облека и стануваме свесни само тогаш кога жртвата ќе се охрабри да проговори или тогаш кога нема да успее добро да покрие некоја модринка. Не смее никако да се игнорираат овие знаци и секако дека треба да се помогне на оние кои се соочуваат со насилство. Но, секако дека надлежните институции се оние кои треба да ја земат жената под закрила и мислам дека тоа е единствениот начин за да се намали овој проблем. И мислам дека жените секако дека повеќе би се охрабриле да зборуваат за ова, доколку знаат дека има кој да им помогне и дека никој нема да ги осуди“ – истакна Каролина.

Денес, на Меѓународниот ден на човековите права, ќе биде означен крајот на кампањата против малтретирањето на припадничките на понежниот пол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.