Instagram ѕвездата Алексис Рен проговори за нарушувањето во исхраната кое го криеше досега
Почетна » Новости » Животни стории » Instagram ѕвездата Алексис Рен проговори за нарушувањето во исхраната кое го криеше досега

Instagram ѕвездата Алексис Рен проговори за нарушувањето во исхраната кое го криеше досега

Алексис Рен и Џеј Алварез го освоија светот со егзотични фотографии од своите патувања. Атрактивниот пар на социјалните мрежи покажуваше идиличен живот, но зад завесите, работите стоеле поинаку.

20-годишната девојка се борела со нарушување во исхраната, вежбала интензивно и била на строга диета, бидејќи била преокупирана со изгледот на телото. „Се чувствував како моето тело да е единствената причина што ме сакаа луѓето“ – признава таа.

Алексис Рен Алексис Рен Алексис Рен

I'm not anything that you think I am

A post shared by ALEXIS REN (@alexisren) on

Односот на Рен кон храната започнал да станува проблематичен една година по смртта на мајка ѝ. Кога имала 18 години, таа се преселила во Австралија за да работи како модел. Без да забележи, нејзината тежина се покачила и таа добила критика од агенцијата за која работела. „Тие ми рекоа дека ја имам покачено тежината, па ако можам да вежбам малку повеќе... Се чувствував дека ја имам изгубено контролата“ – изјавила таа.

Алексис го запознала Џеј во истото време кога се родило нарушувањето во исхраната. „Се обидов да ја заменам мајка ми со друга личност, што очигледно не успева, особено кога си млада и му ја даваш довербата на лице кое има други намери“ – рекла таа.

За време на патувањата, на Алексис ѝ било тешко да се храни како што посакувала, па едноставно започнала да ја избегнува храната. Секогаш кога ќе јадела нешто, чувствувала вина и подуеност. „Тоа беше ужасен циклус... кога јадев, се чувствував полошо, а не сакав да јадам и јадев помалку и помалку и помалку. Се плашев од храната. Сите околу мене ме прашуваа што правам“ – раскажала таа.

Алексис Рен Алексис Рен

Иако Џеј бил сведок на сето тоа, таа не го обвинува што не се обидел да ѝ помогне. „На таа возраст, тој не знаеше како да се справи со она низ кое што поминував“ – рекла таа.

Парот раскина минатото лето. По разделбата, Алексис започнала повеќе да им посветува внимание на пријателите и роднините кои биле загрижени за неа. Строгата диета и гладувањето го заслабнале нејзиниот имунитет и таа била принудена да побара помош. Со помош на нутриционист и личен тренер, Алексис започнала да го менува својот поглед кон храната.

„Сега сум здрава и можам да јадам цел оброк без да чувствувам вина. Вежбам бидејќи го сакам тоа... а не за да се казнувам себеси“ – пишува таа на Twitter.

Алексис Рен

Како што и многу истражувања покажуваат, Instagram може да биде стимул за намалување на самодовербата, особено кај младата генерација. „Гледајќи девојки за инспирација е прекрасно нешто, но споредувањето со други создава анксиозност и самоомраза. Многу е важно младите девојки да ја знаат разликата“ – советува Алексис.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 21%
  • 71%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 8873 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.