Ќе ве замисли: Трогателно писмо кое 27-годишна девојка го напиша пред да умре од рак го обиколи светот
Почетна » Новости » Животни стории » Ќе ве замисли: Трогателно писмо кое 27-годишна девојка го напиша пред да умре од рак го обиколи светот

Ќе ве замисли: Трогателно писмо кое 27-годишна девојка го напиша пред да умре од рак го обиколи светот

Мудри зборови од кои сите можеме да учиме... Писмото на млада девојка која ја изгуби битката со рак го обиколи светот. Текстот на Холи Бучер е исполнет со животни лекции.

27-годишната Австралијка страдала од Јуингов сарком, тумор кој воглавно се појавува кај млади лица. Пред да умре, таа склопила трогателно отворено писмо кое го привлече вниманието на светската јавност. Во него таа опишува колку многу копнее за да поживее уште малку на овој свет и како луѓето треба го променат своето секојдневие за да се посреќни и позадоволни од себе.

Холи Бучер

Чудно е да сфатиш и прифатиш на млада возраст од 26 години дека си осуден на смрт. Тоа е од оние нешта кои ги игнорираш. Деновите одминуваат и очекуваш дека и понатаму ќе доаѓаат, додека не се случи неочекуваното.

Отсекогаш се замислував остарена, збрчкана и со седа коса, веројатно причинета од мојата прекрасна фамилија (многу дечиња) која планирав да ја создадам со љубовта на мојот живот. Го посакувам тоа до болка.

Холи Бучер

Таков е животот – кревок, скапоцен и непредвидлив и секој ден е подарок, а не дадено право.

Имам 27 години сега. Не сакам да заминам. Го сакам мојот живот. Среќна сум... тоа им го должам на моите сакани. Но, тоа не е во мои раце.

Не ја започнав оваа „порака пред да умрам“ за да се плашите од смртта. Ми се допаѓа фактот што сите ние во најголем дел игнорираме дека таа е неизбежна. Освен кога сакам да зборувам за неа и е третирана како табу тема која нема да му се случи на никој од нас. Тешко е. Само сакам луѓето да престанат да се грижат за малите, бесмислени стресови во животот и да се обидат да запомнат дека сите ние имаме иста судбина, па правете сè што можете за вашиот живот да биде одличен и вреден...

... Можеби заглавивте во сообраќаен хаос денес или спиевте лошо зашто вашите прекрасни бебиња ве држеа будни или фризерот ве потстрижа малку пократко одошто требаше. Можеби вашиот вештачки нокт се потскрши, градите ви се премали или имате целулит на задникот или стомакот ви е виснат.

Заборавете на сето тоа с***е. Ви се колнам дека нема да размислувате за тие нешта кога ќе дојде вашето време да заминете. Сето тоа е ТОЛКУ МНОГУ неважно кога гледате на животот како целина. Телото ми пропаѓа пред очите и не можам да сторам ништо за тоа, а сè што посакувам е уште еден роденден или Божиќ со моето семејство или само уште еден ден со мојот партнер и кучето. Само уште еден.

Холи Бучер

Слушам луѓе како се жалат колку им е ужасна работата или колку е тешко да вежбаш. Бидете благодарни што физички можете да го правите тоа. Работата и вежбањето изгледаат тривијално додека телото не е во можност да прави ниту едно од нив.

Се обидував да водам здрав живот, всушност, тоа ми беше голема страст. Ценете го вашето добро здравје и функционално тело, дури и ако не е идеална големина. Грижете се за него и прифатете колку неверојатно е тоа. Движете се и хранете го со свежа храна.

Запомнете дека за добро здравје се важни и други нешта, не само физичкото тело. Трудете се исто толку многу да пронајдете ментална, емотивна и духовна среќа. Тогаш ќе сфатите колку неважно нешто е глупавото прикажување на идеално тело на социјалните мрежи... Додека сме на таа тема, избришете ги сите профили кои ви излегуваат и кои прават да се чувствувате лошо. Пријател или не... Бидете безмилосни кога е во прашање вашата благосостојба.

Холи Бучер

Жалете се помалку, луѓе! И помагајте си повеќе.

Давајте, давајте, давајте. Вистина е дека си посреќен кога правиш нешто за некого одошто кога го правиш за себе. Чудно е да имаш пари за трошење на крајот, кога умираш. Тоа не е време кога ги трошиш за излегување или за да си купиш нешто материјално, како нов фустан. Се замислуваш колку е глупаво што мислиме дека вреди да ги трошиш толку пари на нова облека или „предмети“ во нашите животи.

Ценете го времето на другите. Не ги терајте да ве чекаат само затоа што не умеете да бидете точни. Спремајте се порано ако сте од тие луѓе и ценете го тоа што вашите пријатели сакаат да го споделат нивното време со вас, а не да седат сами, чекајќи пријател. Ќе добиете и поголема почит!

Годинава моето семејство се согласи да не си купуваме подароци и и покрај тоа што елката изгледаше празно и тажно, беше убаво затоа што немаа притисок да пазаруваат и времето го искористија за да напишат убави честитки еден за друг. Плус, замислете моето семејство да се обидува да ми купи подарок, знаејќи дека ќе остане за нив... чудно е! Тие честитки ми значат повеќе од кој било подарок купен импулсивно.

Трошете ги парите на доживувања. Или барем не ги пропуштајте доживувањата затоа што сте ги потрошиле сите пари на материјални глупости.

Холи Бучер

Одете во природа.

Уживајте во моментите наместо да се обидувате да ги овековечите преку екранот на телефонот. Животот не треба да се живее преку екран, ниту пак се врти околу создавањето на совршената слика.

Случајно реторичко прашање. Дали вредат тие неколкуте часа кои секое утро или пред излегување ги трошите за фризурата и шминката? Секогаш ова ми беше нејасно за жените.

Станете порано некогаш и слушајте ги птиците додека ги гледате прекрасните бои кои ги создава сонцето додека изгрева.

Слушајте музика... навистина слушајте. Музиката е терапија. Старата е најдобра.

Гушкајте го кучето.

Холи Бучер

Разговарајте со пријателите. Оставете го телефонот.

Патувајте ако тоа ви е желба, ако не ви е, тогаш не патувајте.

Работете за да живеете. Не живејте за да работите.

Сериозно, правете го она што ви го усреќува срцето.

Јадете торта. Без да имате грижа на совеста.

Кажете „не“ за работи кои не сакате да ги правите.

Не се чувствувајте принудени да го правите она што другите сметаат дека го исполнува животот, можеби вие сакате просечен живот и тоа е ОК.

Кажувајте им на вашите сакани дека ги сакате секогаш кога имате прилика и сакајте ги со сето срце.

Ох, и последно, ако можете, направете добро дело за човештвото (и за мене) и започнете редовно да донирате крв. Ќе се чувствувате добро, а бонус е што ќе спасувате животи.

Донираната крв ми помогна да останам жива една дополнителна година – година за која вечно ќе бидам благодарна што ја поминав тука на Земјата со моето семејство, пријателите и кучето. Година во која ги имав некои од најубавите моменти во животот.

До следната средба.

Хол

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за новото име Република Северна Македонија?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 3633 гласа)

Цитат

Понекогаш твојата среќа е изворот на твојата насмевка, но понекогаш насмевката може да биде изворот на твојата среќа.

Тик Нјат Хан

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.