Минијатурно чудо: Бебенце родено тешко само 410 грама ги надмина очекувањата на докторите
Почетна » Новости » Животни стории » Минијатурно чудо: Бебенце родено тешко само 410 грама ги надмина очекувањата на докторите

Минијатурно чудо: Бебенце родено тешко само 410 грама ги надмина очекувањата на докторите

Понекогаш ЧУДА навистина се случуваат. Бебенце родено 410 грама, на кое докторите не му давале никакви шанси за преживување, го прослави својот прв роденден.

Адали Адали Адали Адали

Малата Адали се роди во 29. недела од бременоста, но тежела колку фетус во 22. недела, поради тоа што не добивала доволно хранливи состојки во утробата. Нејзината кожа била толку проѕирна, што можеле да ѝ се видат сите коски и цревата. Докторите велеле дека нема да преживее.

Но, таа се бореше и преживеа. Не само што Адали ја преживеа првата година од животот, туку и го направи тоа без посериозни здравствени проблеми. По 106 дена поминати во Одделот за неонатална интензивна нега, малиот борец си замина дома.

На денот на нејзиниот роденден, родителите Ешли и Џефри објавија видео на Facebook, а Ешли ја раскажа својата неверојатна приказна за „Love What Matters“.

„Моето мало девојче немаше никакви шанси за преживување. Како може да преживее бебенце од 410 грама? Докторите не ѝ даваа никаква шанса, никаква надеж“ – пишуваа таа.

Еве го текстот на Ешли, а емотивното видео можете да го погледнете тука на Facebook:

Моето забременување беше шок за сите. Ми беше дијагностицирано нешто што се нарекува Синдром на полицистични јајници, што води кон неплодност. На мојот сопруг исто така му беше кажано дека има мали, речиси никакви шанси да има свои деца. Кога дознавме за нејзиното постоење, таа веќе беше во 7-мата гестациска недела. Ми правеа ехо за да најдат циста, бидејќи немаше шанси да бидам бремена. Веќе имав видено неколку негативни тестови за бременост! На наше изненадување, имаше слабо срцебиење. Тој момент промени сè!

Адали

На прегледот во 12. недела, најдоа хематом на плацентата. Ми рекоа постојано да лежам и често ме прегледуваа. До 18. недела хематомот исчезна. Но, докторот беше загрижен додека ме прегледуваше... Моето девојче заостануваше со развојот за 3 недели и имаше премалку плодова вода. Нè препратија кај специјалист за високо ризична бременост.

Првото нешто што тој го рече е дека има помалку од 20% шанси да преживее. Ми велеше дека сум млада и здрава и дека треба да се обидеме повторно. Срцето ми се скрши. Сакав да врескам и да плачам. Го прашав Бог: „Зошто нè благослови со девојче, само за да ни го одземе?“ Бев лута. Таа лутина набрзо прерасна во решеност дека не се откажувам. Сакав да слушнам второ мислење, но дури да го слушнам, остана помалку од 1 сантиметар плодова вода. Нејзиното растење продолжуваше да заостанува. Вториот специјалист ми ги кажа знаците на спонтан абортус и ме испрати. Ми рече да се вратам по неколку недели за да провери дали има срцебиење. Бев оставена сама на себе.

Во тој момент бев на работ да се откажам. Плачев, врескав, се скршив, но во најлошиот момент, јас најдов трошка надеж. Со секоја помината недела, надежта ми се зголемуваше. Нештата само се влошуваа, но јас не можев да се откажам. Бог ме избра мене да ѝ бидам мајка со причина. Адали продолжи да заостанува. Специјалистот ме предупредуваше на секој преглед, трипати неделно, дека ситуацијата не е добра и дека треба да се подготвам за најлошото. Во 26. недела, ми соопштија дека протокот на крв во папочната врвца е прекинат и дека најверојатно ќе имам спонтан абортус во следните 24 часа.

Не сум сигурна што ме промени во тој момент, но добив сила која никогаш порано не ја имав почувствувано. Време беше да се борам. Во тој момент, таа ја немаше ни потребната тежина за да живее. Ми рекоа дека имам избор – да направат сè што можат за да ја спасат или да не прават ништо. Докторот ми рече да се откажам, дека породувањето ќе биде преголем стрес за нејзиното кревко тело и дека нема да биде хумано да ја подложиме на тоа. Го направив изборот наместо нив да направам сè и не морав да размислам вторпат. Нешто во мене ми велеше да се борам за неа, па продолжив да го правам тоа.

Адали

Ме примија на болница и ме ставија во болнички кревет. Ми рекоа дека нема да поминат 72 часа без да се породам. Трите дена се претворија во недела, а неделата се претвори во три. Стравот беше огромен кога отчукувањата на срцето ќе ѝ паднеа под 50. Неколку пати ме подготвија за царски рез, но кога ќе започнеа, Адали секогаш ги зголемуваше отчукувањата на срцето.

Кога наближував да наполнам 4 недели на болница и бев во 29. недела од бременоста, Адали конечно тежеше 450 грама. За нас, тоа беше голема работа. Следниот ден, на ехо, Адали воопшто не мрдаше и немаше видлива плодова вода. Време беше.

На 22 јуни 2017 година, во 29. недела, ја родив нашата ќерка. Мерките за тежина беа погрешни. Таа не тежеше 450 грама, туку 410. Имаше тежина како за 22 недели. Се сеќавам дека велеа дека не може да преживее со помалку од 450 грама, но ја почитуваа мојата желба и направија сè што е возможно да ја одржат во живот. Се сеќавам на првиот пат кога ја видов. Имаше проѕирна кожа и ѝ се гледаше секоја коска на телото заедно со нејзините црева. Не можев да поверувам дека продолжуваше да се бори. Не можев да поверувам дека дете големо колку лименка може да живее. Не можеа да поверуваат ни многу други луѓе...

Никогаш не мислев дека ќе видам толку многу жици и туби прикачени на моето девојченце.

Адали Адали

Деновите во Одделот за неонатална интензивна нега минуваа бавно. Полека, таа ја зголемуваше својата тежина, но ми се чинеше како да помина цела вечност пред да тежи 450 грама. На три недели, ја држевме првпат. Да ви кажам, кога конечно го направивме тоа, чувството беше најубаво на светот. Во текот на нашиот престој, знаевме дека ни претстојат многу пречки. Чекавме да ѝ биде дијагностицирано крварење во мозокот или да ја оперираат на цревата, но тоа не се случи. Докторите ни рекоа дека не слушнале да се роди толку мало бебе без никакви компликации, покрај потребата да порасне. Докторот ја нарече суперѕвезда.

Адали Адали

Полека, таа ја доби потребната тежина... На три месеци, Адали немаше потреба од помош при дишењето. Дишеше сама...

Адали

По 106 дена, конечно можевме да го одведеме нашето девојченце дома. Адали тежеше речици 2 килограми кога ја испишаа. Таа имаше туба за хранење, која беше отстранета неколку дена по доаѓањето дома. Продолжи да носи монитор за следење на срцето бидејќи беше премала.

Адали Адали

Поминаа 9 месеци откако Адали си дојде дома и таа продолжува да напредува. Сега има една година и тежи 5 и пол килограми. Да, сè уште е многу мала, но ќе порасне. Таа продолжува да ги надминува сите очекувања. Сите доктори се импресионирани од нејзиниот напредок. Премалку е ако речам дека сме благословени со чудо.

Нашето девојче од 410 грама, кое имаше помалку од 20% шанси да преживее, е живо. Успеа. Преживеа. Иако е многу мала, таа е опасна.

Адали Адали Адали Адали Адали Адали Адали Адали Адали

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 5%
  • 54%
  • 4%
  • 14%
  • 1%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 576 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.