Почетна » Новости » Актуелно » 118 новозаразени и 22 починати од коронавирус

118 новозаразени и 22 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.245 тестирања, а има 118 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 93
  • Кавадарци – 11
  • Битола – 5
  • Прилеп и Струга – по 2
  • Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1
коронавирус

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 6 од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), 3 од Струмица (71г, 73г и 87г), по 2 од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и по едно од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 175
  • Битола – 37
  • Прилеп – 26
  • Кавадарци – 16
  • Штип – 15
  • Куманово – 13
  • Кочани – 12
  • Тетово – 11
  • Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10
  • Велес – 9
  • Кратово и Делчево – по 8
  • Демир Хисар – 6
  • Охрид и Неготино – по 5
  • Валандово – 4
  • Свети Николе и Пробиштип – по 3
  • Струмица, Радовиш и Демир Капија – по 2
  • Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.