Почетна » Новости » Актуелно » Хуманитарна трка на кеј за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Хуманитарна трка на кеј за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Хуманитарна трка долга 1,5 км, наменета за собирање донации за онколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Скопје, ќе се одржи во сабота (12 јуни) на кејот на Вардар, пред хотелот „Парк“ со почеток во 10 часот.

На трката може да се пријават сите заинтересирани лица постари од 13 години, како и помлади лица во придружба на возрасен придружник. Котизацијата за трката е 200 денари и ќе се плаќа на самото место, пред почетокот на трката. За првите тројца што ќе ја завршат трката предвидени се подароци, а сите учесници по завршувањето на трката ќе добијат освежување, свежо овошје и здрава енергетска храна. Сите средства собрани од котизацијата за трката ќе се донираат на Детската клиника.

Хуманитарна трка

Трката наречена „Трчај за надеж“ ја организираат ученичките од Меѓународното училиште НОВА, Јована Крстевска и Ева Неделковска преку училишниот клуб „Искра надеж“ којшто го основале и чија цел е собирање на донации за маргинализирани групи преку различни видови на интерактивни настани.

- Секој човек заслужува да има еднакви можности, да живее убав и нормален живот. Затоа се трудиме да направиме сѐ што можеме за да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно и да им пружиме надеж – велат организаторките на трката.

Заинтересираните за трката може да се пријават онлајн на следниот формулар, на мејлот sparkofhope2021@gmail.com или преку Инстаграм профилот @sparkofhope_club најдоцна до четврток (10 јуни).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.