Почетна » Новости » Актуелно » Позитивни вести: Вакцината на Pfizer против КОВИД-19 е ефикасна над 90%

Позитивни вести: Вакцината на Pfizer против КОВИД-19 е ефикасна над 90%

Светот нетрпеливо чека добри вести за борбата со пандемијата, а денес конечно имаме позитивни резултати од истражување на експериментална вакцина.

Фармацевтските компании Pfizer и BioNTech објавија дека нивната вакцина е над 90% ефикасна во превенирањето на КОВИД-19. Нивната анализа ги надмина очекувањата на повеќето експерти и ги зајакна надежите дека вакцинирањето ќе започне до крајот на годинава.

Вакцина

„Денеска е голем ден за науката и човештвото. Првиот сет резултати од третата фаза на испитувањата на нашата вакцина за КОВИД-19 ни ги дава првичните докази за способноста на нашата вакцина да превенира КОВИД-19“ – изјави д-р Алберт Бурла, извршен директор на Pfizer.

Истражувањето покажало дека вакцината не предизвикува сериозни несакани ефекти, но сè уште останува неодговорено прашањето колку време трае заштитата.

Во третата фаза од испитувањето учествувале 43.538 лица (половината примиле 2 дози од вакцината, а половината примиле плацебо), а меѓу нив биле потврдени само 94 инфекции со КОВИД-19. Компанијата не откри точно колку од заразените ја примиле вакцината, но со оглед на ефикасноста, најголем дел од заразените биле од плацебо групата. Бидејќи сè уште се собираат и анализираат податоци, финалниот процент на ефикасност може да биде променет.

До третата недела од ноември, компаниите ќе ги имаат сите потребни податоци за да побараат одобрување од регулаторите. Доколку вакцината добие „зелено светло“, Pfizer и BioNTech планираат да произведат до 50 милиони дози во 2020 година и до 1,3 милијарди дози во 2021 година.

Во светски рамки досега со коронавирус се заразени над 50 милиони лица, а се регистрирани над 1,2 милиони смртни случаи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9476 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.