Најнови податоци: 165 новозаразени, 128 оздравени и 7 починати од коронавирус во Македонија
Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 165 новозаразени, 128 оздравени и 7 починати од коронавирус во Македонија

Најнови податоци: 165 новозаразени, 128 оздравени и 7 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа направени се 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 новозаболени со КОВИД-19.

Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:

  • Скопје - 71
  • Куманово -15
  • Дебар - 1
  • Штип - 10
  • Прилеп - 5
  • Тетово - 20
  • Струга - 3
  • Велес - 1
  • Битола - 3
  • Охрид - 10
  • Гостивар - 14
  • Пробиштип - 4
  • Македонски Брод - 1
  • Кичево - 2
  • Ресен - 5
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје (97), Штип (11), Тетово (3), Велес (2), Битола (2), Струмица (1), Ресен (11), Неготино (1).

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).

Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.787, бројката на оздравени пациенти е 2.876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.583.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 424
  • Аеродром – 154
  • Бутел – 163
  • Гази Баба – 193
  • Центар – 143
  • Карпош – 167
  • Сарај – 148
  • Кисела Вода – 121
  • Ѓорче Петров – 113
  • Студеничани – 113
  • Шуто Оризари – 90
  • Арачиново – 54
  • Илинден – 32
  • Петровец – 16
  • Чучер Сандево – 19
  • Сопиште – 14
  • Зелениково-6
  • Странец – 2
  • Нераспределен- 11

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6377 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.