„Драг мој мажу, еден ден ќе ни недостига сето ова“: Видео кое ќе допре до сите родители на мали деца
Почетна » Забава » Видео » „Драг мој мажу, еден ден ќе ни недостига сето ова“: Видео кое ќе допре до сите родители на мали деца

„Драг мој мажу, еден ден ќе ни недостига сето ова“: Видео кое ќе допре до сите родители на мали деца

Животот на брачните партнери целосно се менува кога во нивниот свет ќе пристигнат нивните малечки. Нова цел, нова смисла, нова одговорност, нова улога и целосно нов начин на живот. Постојано менување пелени и хранење, непреспани ноќи, уништени љубовни состаноци, пропуштени родендени, непрославени годишнини... Не е тешко да се претпостави зошто тие честопати се чувствуваат како љубовта меѓу нив да згаснала.

Но, тоа не е воопшто така. Откако децата ќе пораснат и ќе можат да се грижат сами за себе, искрата меѓу партнерите повторно се разгорува. Тие повторно ќе се имаат еден со друг. Потребно е само да издржат низ растењето на нивните деца заедно.

Motherly ги потсетува сите мажи дека не треба да се чувствуваат непосакувано само затоа што нивните сакани не им посветуваат време како претходно:

Драг мој мажу,

Еден ден ќе ни недостига сето ова.

Животот нема секогаш да биде на ова нивото на хаос како што е со мали деца.

Ние нема секогаш да се будиме исцрпени.

Да бидеме преуморени за љубовни состаноци навечер.

Нема секогаш да се чувствуваме преоптоварени.

Нема да биде секогаш вака.

Нема секогаш да брзаме некаде…

И вечно да доцниме.

Еден ден, ќе имаме деца кои се пораснати, на кои ќе им бидеме помалку потребни, кои сами ќе ги извршуваат своите обврски.

Нема да биде секогаш вака.

И можеби тогаш ќе имаме повеќе време нас, за состаноци и за разговори со смисла.

Со нетрпение чекам да дојде тоа.

Но, во моментов: ГО ИМАМЕ СЕТО ОВА.

Сета оваа УБАВИНА.

Сето ова ЧУДО.

Сета оваа РАДОСТ.

Загрижена сум дека еден ден ЌЕ НИ НЕДОСТИГА ОВА ЛУДИЛО.

Затоа, засега: Да се обидеме да се смееме и да крадеме бакнежи.

Да останеме во ова ЗАЕДНО.

Да продолжиме да вложуваме напори.

Нема да биде секогаш вака.

Бидејќи пред да ги имаме НИВ, бевме само НИЕ.

И по НИВ, пак ќе бидеме НИЕ.

А кога тие ќе заминат да ја пишуваат својата приказна, ЈАС сè уште ќе бидам тука.

Подготвена да го напишам следното поглавје со ТЕБЕ.

Нема да биде секогаш вака.

Но, засега и ОВА е МАГИЧНО.

Го можеш ти тоа.

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 26%
  • 53%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 6946 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.