Видео кое ќе ја трогне секоја мајка: Ќе сфатиш дека твоето „ништо“ всушност било сè
Почетна » Забава » Видео » Видео кое ќе ја трогне секоја мајка: Ќе сфатиш дека твоето „ништо“ всушност било сè

Видео кое ќе ја трогне секоја мајка: Ќе сфатиш дека твоето „ништо“ всушност било сè

Кога жената ќе стане мајка, таа ја добива најтешката работа – да се грижи за нов живот, да расте бебенце кое комуницира со светот само со плачење, да одговара бескомпромисно на неговите потреби и да го прави тоа со позитивна енергија.

Домашните обврски многу често заостануваат кога во домот има мало бебенце кое има потреба од внимание и нега 24/7. Поради тоа, новите мајки честопати имаат чувство како да не направиле ништо во текот на денот...

Но, Motherly создаде вие кое докажува дека тоа не е точно. „Нови мајки, додека ја извршувате најтешката работа во вашиот живот, ќе ви се чини дека не правите ништо. НО, ПРАВИТЕ“ – стои во описот на видеото.

Се прашувате: „Што прават новите мајки по цел ден?“ Еве го одговорот.

Можеби чувствуваш дека не правиш „ништо“.

Едноставно одговараш на гладот, солзите, насмевките. Го учиш твоето бебе како да функционира во овој свет. Создаваш семејство. Создаваш основа за љубов и доверба. Стануваш мајка.

Тоа започна со бременоста и продолжува по раѓањето. Твоето бебе расте, како и ти.

Ако се прашуваш каде ти летна денот, вдиши длабоко.

Не постои поголема задача од „ништото“ кое го направи денес.

А кога тешкиот дел ќе избледни, ќе сфатиш дека твоето „НИШТО“ всушност било СЀ.

Ќе ти остане само ЉУБОВТА.

Која е само ТВОЈА.

Го можеш ти тоа.

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 3089 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.