Заборавете на изговорот „Немам време“, наполнете се со волја за тонирање и обликување на телото и станете да направите краток тренинг составен од седум ефективни вежби. Фитнес експертите тврдат дека не е неопходно да се измачувате со долги сесии вежбање за да бидете фит.
Пред да започнете со вежбите, забрзајте го ритамот на срцето и доведете го телото во состојба на согорување на калории со помош на спринтови в место. 30 секунди трчајте в место со многу брзо темпо, а потоа 30 секунди одморете. Направете вкупно 4 такви повторувања.
Застанете во положба како за склекови. Направете еден склек, а потоа придвижете го левото колено кон градите (како на сликата). Веднаш вратете го коленото назад. Направете уште еден склек, а веднаш потоа повлечете го десното колено кон градите. Вратете се во првобитната положба.
Легнете на подот и раширете ги рацете и нозете така што телото да ви зазема „Х“ форма. Во двете раце држете мал тег. Стегнете ги стомачните мускули и истовремено придвижете ги левата рака и десната нога една кон друга (како на сликата). Потоа, вратете се во почетната положба.
Седнете на подот, а во рацете држете еден мал тег. Подигнете ги нозете околу 25 сантиметри од подот. Колената треба да ви бидат малку свиткани. Наведнете се наназад така што горниот дел од телото да ви е под агол од околу 45° од подот. Рацете испружете ги пред телото и бавно свртете го горниот дел од телото надесно, држејќи ги нозете статични (како на сликата). Потоа, бавно свртете се налево.
Застанете исправени со доближени стапала, земете еден тег и држете го со двете раце на висина на градите. Скокнете и раширете ги нозете, истовремено подигнувајќи ги рацете над главата (како на сликата). Потоа, скокнете и вратете се во почетната положба.
Застанете исправени и стапалата поставете ги на иста ширина со колковите. Наведнете се нанапред и поставете ги рацете на подот, на иста ширина со рамената. Во овој момент вашето тело треба да има форма на обратно „V“. Свиткајте ја левата нога, придвижете го коленото кон градите, а потоа веднаш испружете ја ногата наназад (како на сликата).
Застанете исправени, стапалата поставете ги на иста ширина со колковите и во двете раце држете по еден мал тег. Свиткајте ја десната нога и подигнете ја зад вас. Наведнувајте се нанапред, истовремено придвижувајќи ги теговите кон левото стапало. Левото колено треба да ви биде малку потсвиткано (како на сликата). Вратете се во првобитната положба.
Застанете со нозете подраширени. Поставете ги дланките на тилот и повлечете го стомакот навнатре. Наведнувајте се нанапред сè додека горниот дел од телото не стане скоро паралелен на подот. Држете ги нозете прави (како на сликата). Потоа, исправете се.Доволно е да ја правите оваа 15-минутна фитнес сесија двапати неделно за да си ја зголемите енергијата и да го обликувате телото без тоа да ви одзема многу време.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
P.S:Prva komentiraam :P